Најновите податоци од истражувањето за иновативните активности на македонските претпријатија објавени од Државниот Завод за Статистика на 15.04.2020, собрани според методологијата на Европската Унија (Community Innovation Survey) за периодот 2016-2018 та година укажуваат дека високите трошоци поврзани со воведувањето на иновациите и немањето на финансиски средства за истото продолжуваат да бидат најголемата пречка за иновативните активности на македонските претпријатија.
Во свет кој се бори да ја спречи појавата на COVID-19, најголемиот пробле е здравствената инфраструктура и капацитетот за тестирање.
Различни земји имплементираат различни стратегии за тестирање како и опсези на достапни дијагностички тестови. Потребна е независна проценка на овие тестови и упатства за да се обезбеди безбедно и сигурно тестирање.
На оваа обука, ќе ги откриете најновите препораки за тестирање за COVID-19, ќе добиете ажурирани информации за спроведување на тестовите и како најдобро да ги распоредите.
Подготви: Ивана Иванова
Да воспоставиме две работи веднаш:
Прва, пандемијата на коронавирусот е глобална трагедија која веќе не чинеше премногу животи и создава економско уништување.
Втора, ако имате среќа, се уште сте плаќани за да извршите работа – работа која, за основачи, тимови за маркетинг и продажба, значи поврзување со купувачи за време на ужасна здравствена криза и рецесија.
Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје распишува Јавен повик за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд, како дел од мерките донесени од Владата за надминување на состојбите кои ги предизвика ширењето на вирусот Ковид-19.
Во продолжение пренесуваме краток преглед на повикот.
Подготви: Ивана Иванова
Естонија објави дека е подготвена да ги сподели своите алатки за дигитално образование за да ги поддржи едукативните системи на другите земји за време на кризата со коронавирусот.
Иницијативата е поддржана од Старт-ап Естонија и е коорганизирана со Министерството за образование и истражување на Естонија, Естонскиот сојуз на образовни технолози, Едукативниот фонд за добри дела, Innove (центар за едукативна компетенција), Фондацијата за информациона технологија за образование и Едукативна нација. Од 16 Март, сите училишни згради во Естонија се затворени, а предавањето и учењето се целосно онлајн.
Лавови, тигри и мечки… слики, скулптури и дигитална уметност! Децата можат да го продолжат своето учење со „посета“ на музеи, уметнички галерии, зоолошки градини или аквариуми преку Интернет од удобноста на нивните домови. Виртуелните тури, експонати и активности овозможуваат можности за учење за уметноста и културата, животните, историјата и многу повеќе.