Автор: Марија Зеленковска
На 20ти мај (четврток) се одвиваше првата сесија од WECAN обуката за зајакнување на жени претприемачи. На самиот почеток од оваа сесија, жените кои се дел од оваа обука се запознаа на креативен начин така што ги споделија меѓусебно нештата кои највеќе ја доловуваат нивната личност или кои се дел од нивното секојдневие. По воведното запознавање, на учесничките им беше претставен сеопфатно проектот WECAN, неговите активности и цели како и досегашните реализации и случувања во склоп на истиот.