Претставници од тимот на Центарот за Управување со Знаење ги подржуваат малите и средни претпријатија, како и старт-апите преку давање на обуки и менторска поддршка. 

Обуки во Управување со Иновации кои покриваат: Креативност и Иновации, Управување со процесот на воведување на Иновации, и Маркетинг и Иновации.

Обуки во Дигиталната Економија: серија на обуки за електронска трговија и трговија преку паметни телефони.  Оваа обука беше развиена преку проектот на Ерасмус M-commerce.

Обуки во претприемништво и започнување на бизнис кои покриваат: идентификација на добра бизнис идеја, подготовка на бизнис пи маркетинг планови, воспоставување на компанија, привлекување на инвеститори, и скалирање на бизнисот. 

Центарот за Управување со Знаење организира обуки во проектен менаџемент со посебен фокус на ПМП и ПРИНЦЕ 2 методологијата, методологии кои се користат кај малите и средни претпријатија но и јавната адинистрација. 

Повеќе за нашите активности во овој дел можете да најдете на  страницата на нашата И-лаб =  www.-i-lab.mk.