Директор, Центар за Управување со Знаење

Скопје, Македонија

Образование

PhD, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија

MBA, University of Sheffield, Sheffield, UK

 

Г-ѓа Богдановска е МБА постдипломец од Универзитетот Sheffield и докторант во областа на стратешкиот менаџмент – управување со знаење. Г-ѓа Богдановска има повеќе од 5 години работно искуство во раководење и администрирање на проекти од меѓународни донатори, 3 години искуство како универзитетски предавач и 3 години искуство во бизнис истражувања, анализи и консултантски услуги.

Нејзините програми успешно опфатија обука на 30 пратеници од Собранието на Р.М и повеќе од 200 партиски членови. Повеќе од 300 студенти успешно ги посетија нејзините предавања по менаџмент и маркетинг, додека повеќе од 500 жени од невладиниот сектор учествуваа на нејзините обуки.

При работата како продукт менаџер за Т-Home и Т-mobile, интернет пенетрацијата во Македонија се зголеми за три пати и се воведоа првите 3Г-картички на македонскиот пазар.

Г-ѓа Богдановска е консултант (топ 4%) за британска компанија која работи со бизнис анализи и решенија и проекти.