Европската Kомисија ја креира следната рамковна програма за периодот 2021-2027 година. Рамката ќе има големо влијание врз сите различни програми за финансирање во ЕУ.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ноември 2019), во 2019 година, 96.4 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.
Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 85.8 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Од вкупниот број деловни субјекти, 55.6 % имаат веб-страница или почетна страница.
Во однос на е-трговијата, 3.6 % од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 3.4 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.
Извор: Државен завод за статистика (2019)
Македонија е на осумдесетото место на светската листа на УНДП за човечки развoj. За разлика од минатата година, тоа е раст од две места, иако по нивото земјава и натаму останува последна меѓу соседите во категоријата “висок општествен развој“ на Балканот.
Според извештајот на УНДП, Human Development Indices and Indicators пред нас се сите земји од регионот, вклучувајќи ги и Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Албанија кои ја престигнаа Македонија на листата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 106.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (20.4%), Информации и комуникации (16.7%) и Преработувачка индустрија (14.7%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.3%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018, изнесува 24 203 денари.