Центарот за Управување со Знаење е истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во република Македонија и регионот на ЈИЕ. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.
Активностите на Центарот се групирани во неколку области.
На макро ниво
Центарот за управување со знаење спроведува истражување и анализа во областа на локалниот, националниот и регионалниот развој, разгледува и предлага политики, мерки и проекти во областа на економскиот развој, наукта и технологијата, подобрување на деловното опкружување и претприемништвото.На микро ниво
Центарот за Управување со Знаење го поддржува трансферот на знаење и технологии, иновативноста и конкурентноста во домунантни индустрии на локално, национално и регионално ниво, преку проекти во кои се работи на апликацијата на новите технологии но и се зајакнува соработката ма научно истражувачките институии со другите чинители во општеството.На ниво на организација
Ценгтарот за управување со знаење работи со организациите воМакедонија и регионот на подобрување на нивниот иновативен потенцијал како и на подобрување на нивниот капацитет за донесување на одлуки. Овие активности и проекти се покриени преку нашиот центар за иновации.
Центарот е основан од почитувани членови на заедницата кои доаѓаат од граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор чие знаење и искуство создава синергија на компетенции во голем дијапазон на дисциплини. Комбинацијата на способности го прави Центарот за Управување со Знаење исклучителен партнер во развојот на нови идеи и имплементирањето на локалните и меѓународните проекти покривајќи широк спектар на експертизи во областите на Управување со знаење, Иновации и Конкурентност, Економија и економски развој, Транспарентно и одговорно владеење и Нови технологии.