податоците на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD) покажуваат дека странските инвеститори ги повлекоа своите инвестиции од Европа во рекордно време во првата половина на 2020-та.

Странските инвеститори ги повлекоа инвестициите и заработката од Европа во рекордно време во првата половина на 2020-та година како реакција на пандемијата, притоа ревидирајќи ги долгорочните стратегии.  „Мултинационалните компании сѐуште се во фаза на одговор, не се во фаза на закрепнување и градење на отпорност.“ вели Џејмс Џан (James Zhan), директор на Инвестиции при Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој. „Главно, сѐ уште нема масовно реструктуирање на производните системи. Она што до сега го гледаме е стопирање на тековни проекти и разгледување на нови инвестициски проекти. Но, видовме и дека некои мултинационални компании ги донесоа погоните во своите земји или поблиску во регионот. Од таа причина странските инвестиции во некои земји драстично се намалија.“

На 25ти и 26ти септември 2020 година се оддржа вториот Балкански Форум во Солун, Грција.

Спречени поради моменталната состојба со Ковид-19, овој форум се оддржа онлајн. На истиот се промовираа потребните активности за воведување на бизнис иновациите, кои се клучен предуслов за економски развој и промоција на стабилно и сигурно претприемништво на Балканот.

Центарот за управување со знаење беше дел од овој форум, претставен од страна на неговиот директор - д-р. Андријана Богдановска Ѓ.

д-р.Богдановска говореше за постојната соработка во регионот во делот на истражувањето и развојот и ги опфати можните форми на идна соработка во областа во рамки на новата програма на Европската унија 2021-2027.

 

Ivana Ivanova

Неодамна (02.09.2020)  и среде кризата Ковид-19 излезе13-то издание на Глобалниот индекс на иновации (ГИИ). Извештајот укажува дека земајќи ја предвид моменталната економска состојба и фактот дека вложувањата се намалуваат низ Северна Америка, Азија и Европа, иновациите се најдобриот начин за човештвото да се справи со економската блокада. Сепак, стапките на инвестиции се ниски, вклучително и директните странски инвестиции и се очекува тие да паднат уште повеќе во 2020 и 2021 година.

Европа останува втор најиновативен регион, веднаш по САД, бидејќи е домаќин на голем број иновативни економии. Шеснаесет од  европските економии се во првите 25 иновативни земји, од кои седум се рангираат во првите 10. Седум од нив се искачија во рангот, од кои три се балкански држави: Бугарија (37 место со раст од 3 места во споредба со иминатата година), Хрватска (41-ва со пораст од 3 места) и Романија (46-та, со пораст за 4 места). Шест економии се рангирани под првите 50, со тоа што четири од нив ги зголемија своите рангови оваа година, од кои дури три се балкански земји: Србија (53-та), Северна Македонија (57-та) и Босна и Херцеговина (74-та).

Нашиот свет неодамна достигна висок интензитет на иновации на глобално ниво, правејќи го светот подобар за сите нас. Но, дали ова ќе продолжи или панемијата на коронавирусите ќе ги замрзне иновациите, финансиите и ќе го забави напредокот на човештвото?! Изданието на Глобалниот индекс на иновации во 2020 година, се осврнува на ова итно прашање и открива дека парите за финансирање на иновативни потфати пресушуваат. Влијанието на овој недостиг ќе биде нерамномерно, а ефектите повеќе ги чувствуваат младите претпријатија, истражувачките центри и старт-апите во економиите во развој кои и без ова се соочуваат со недостаток на финансирање за иновации.

Водачите на ЕУ се согласија на буџет од 80,9 милијарди евра за програмата за истражување и развој „Хоризонт Европа“, на петтиот ден од маратонскиот самит на кој се расправаше за долгорочниот буџет на ЕУ и пост-пандемискиот план за економско закрепнување. Конечната бројка е значително пониска од предлогот кој вклучуваше 94,4 милијарди евра, изнесен од Европската комисија во мај, бидејќи буџетот за програмата Истражување и Развој е намален неколку пати во текот на самитот.

Според најновите податоци на Европската Унија објавени на 22-ри јуни 2020, Швајцарија оваа година се закити со првото место како најиновативна европска економија. Северна Македонија и покрај тоа што од 2014-та година покажува континуиран раст на индексот (од 35.2 до 48.48) се уште е далеку позади европските, па дури и балканските просеци.