Во денешно време, процесот на дигитализација се развива на забрзан начин и дигиталните вештини стануваат сè позначајни во секојдневниот живот во повеќето европски земји. Сепак, ранливите групи на граѓани како што се мигрантите, барателите на азил и бегалците, се изложени на ризик од исклучување од дигиталната трансформација поради помалку можности за развивање на дигиталните вештини. Затоа, тие може да се соочат со повеќе предизвици во остварувањето на нивните права и исполнувањето на нивните обврски. Имајќи ги предвид овие предизвици, проектот DigitALL4Migrants има за цел да го премости јазот во дигиталните вештини на мигрантите, барателите на азил и бегалците преку развој на иновативни алатки кои би ја поттикнале нивната инклузија во земјите на дестинација. Истовремено, проектот предвидува и зајакнување на професионалците кои работат во областа на миграцијата со различни дигитални алатки, овозможувајќи им да ги поддржат мигрантите, барателите на азил и бегалците во секојдневните активности и обврски.
DigitALL4Migrants Методолошките Водилки содржат приспособена рамка генерирана преку примена во различни земји и одразуваат различни правни и дигитални контексти - главно оние од земјите од каде потекнуваат партнерите на проектот: Шведска, Шпанија, Италија и Северна Македонија. Применета е комбинацијата на методологијата на Max-Neef со методи на истражување избрани за да одговараат на контекстите во различни земји (на пр., интервјуа и анкети) за откривање на дигиталните потреби што мигрантите, барателите на азил и бегалците ги имаат за време на интеграција во земјите домаќини. Наодите генерирани од примената на рамката Max-Neef се претставени во документот и именувани DigitAll4Migrants Framework. Рамката се појави како важна алатка за поддршка на луѓето кои работат на полето на миграцијата во идентификувањето на специфичните потреби кога станува збор за користење на дигитални алатки или функционирање во дигиталната средина за мигрантите, барателите на азил и бегалците во општествата домаќини.
Документот може да го погледнете на следниот ЛИНК
Потребата за давање на дигитални услуги на граѓаните од страна на државната и јавната администрација се зголеми со почетокот на Пандемијата Ковид-19. Имајќи ги предви сегашните потреби, но и визијата за развој на е-владините услуги во иднина, Центарот за управување со знаење спроведе истражување за јазот во вештините на вработените од различни државни сектори во Северна Македонија.
Проектот е финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас.
Истражувањето се заснова врз методологија подготвена од страна на консултантската куќа Мек Кинси за потребите на Европската Унија. Методологијата овозможува резултатите да ги идентификуваат потребите, но и да се споредат со тие од Европската Унија.
Според методологијата, истражувањето опфати три сета на вештини: општи вештини, дигитално граѓанство, и технички вештини, како и препораките за владини мерки и програми чија крајна цел е зголемување на одговорноста, отчетноста и услугите на државната и јавна администрација преку надминување на сегашниот јаз во овие вештини кај вработените во јавната и државната адинистрација.
Истражувањето можете да го превземете на следниот ЛИНК.
Истражувањето е спроведено во четири земји (Шпанија, Италија, Франција и Северна Македонија) со цел да се ажурира анализата на потребите на потребите/пропустите на обучувачите и да се истражи подготвеноста на обучувачите, потребите и очекувањата за андрагошка рамка. Тоа е дел од интелектуалниот резултат 1 на проектот Let’s Digital кој ги покрива потребите за социјални, професионални и андрагошки ажурирања на обучувачите за истражување и создавање рамка за компетенции за обучувачи на жени мигранти.
Студијата може да ја преземете на следниот ЛИНК
Земете, направете, консумирајте, фрлете!
Ова е формулата на која се заснова нашиот моментален модел на економија. Овој пристап врши невиден притисок врз природните ресурси и врз нашите екосистеми. Спротивно на тоа, одржливата (кружна) економија има цел да создаде позитивни повратни информации преку зголемување на ефикасноста на употреба на ресурсите, во секоја фаза на животниот циклус на продуктот, притоа колку што е можно повеќе намалувајќи го влијанието врз животната средина и развојот на благосостојбата на поединците.
Кога зборуваме за одржлива (кружна) економија, се ориентираме кон цела серија концепти и практики поврзани со употребата на природните ресурси, кон оптимизацијата на физичките и технолошките ресурси (екодизајн, индустриска екологија, рециклирање, итн.), но никогаш не разговараме за тоа што се подразбира во однос на човечките ресурси. Сепак, ова е еден од столбовите врз основа на кои функционираат претпријатијата. Затоа е незамисливо да се заврши транзицијата кон одржлива (кружна) економија без ново размислување во однос на управувањето со човечките ресурси.
Публикуваниот извештај содржи информации за одржливиот (кружен) модел на управување со човечките ресурси, принципите на одржливо (кружно) управување со човечките ресурси и нивна илустрација со одреден број разгледани студии на претпријатија од 7 европски земји (Белгија, Шпанија, Франција, Ирска, Италија, Литванија и Северна Македонија).
Извештајот од истражувањето може да го најдете на следниот линк.
Југоисточниот регион е еден од осумте не административни региони во Република Северна Македонија поделени според номенклатурата на НТЕС (Номенклатура на територијални единици за статистика), усогласена со европската регулатива од 2007 година („Службен весник на РМ“ број 158/2007 и 10/2014). Во последните пет години,
регионот доживува зголемена економска активност и двоцифрено зголемување на учеството на регионалната економија во бруто домашниот производ. Растот на вредноста на БДП-то и трендовите во извозот во последните пет години проследени со намалување на невработеноста, чија стапка е најниска во државата, укажуваат на зајакнување на доминантната улога на трговијата и услужните дејности во регионот, а на сметка на преработувачката индустрија и земјоделството.
Резултатите од истражувањето укажуваат дека претпријатијата и земјоделските здруженија во Југоисточниот регион се карактеризираат со малку вработени (под десет), среден до низок годишен обрт, и доминантно се наоѓаат во фаза на заситеност (возраст). Структурата на деловниот сектор во последните пет години не покажува знаци на
реструктуирање кон малите и средни претпријатија, додека микро претпријатијата се доминантен деловен ентитет во регионот. Ваквата поставеност и профил на активните
претпријатија укажува на ризик од неефикасно искористување на ресурсите, слаба продуктивност на трудот, и со тек на време, намалување на додадената вредност од
искористените ресурси. Во ваков контекст, истражувањето за потребите за обуки и други мерки за поддршка на растот и развојот на претпријатијата и земјоделците во Југоисточниот регион ја истакнува потребата од поефикасно информирање на претпријатијата и земјоделците за постоечките мерки и програми за поддршка, организирање на настани за вмрежување, настани за регрутирање на вработени, и средби со претставници од локалните и националните институции, како и претставници од меѓународни институции, програми и фондови. Потребата за обуки е најмногу насочена кон зголемување на капацитетите за подготовка и менаџирање на проекти финансирани од програмите и фондовите на Европската Унија, со посебна тематска покриеност на ИПАРД програмата, развојот на дигиталните вештини во делот на електронската трговија и развојот на стратешки пристап за воведувањето на нови производи и услуги како и обуките за воведување и подобрување на стандардите за квалитет.
ЛИНК.
По неколкудецениската либерализација на трговијата и капиталот, на почетокот на новиот милениум, фокусот е ставен на либерализацијата на движењето на трудот. Овие случувања ја поддржуваат мобилноста на младите луѓе во потрага по образование и работни места надвор од нивните земји на раѓање. Во исто време, овие трендови исто така се препознаваат како алатка за трансфер на знаење и вештини помеѓу различните држави и се залагаат за поправедна распределба на глобалното богатство. Иднината изгледа ветувачки, а сепак далечна, додека меѓународната мобилност на младите е ограничена заради пристапот до финансии.
Денес постои појава на две различни парадигми кога станува збор за улогата на давателите на високото образование во општеството. Првиот, главно присутен во студентите земји (Велика Британија, САД), го гледа високото образование од гледна точка на пазар, каде што учениците се препознаваат како креатори на побарувачката. Како резултат на тоа, трошоците за Високото образование претежно се на товар на студентите, додека највисокиот товар го носат меѓународните студенти. Како резултат на тоа, достапните финансиски механизми за поддршка на меѓународната мобилност на студентите во овие земји се ограничени.
Спротивно на ова гледање, ЕУ носи нова парадигма за улогата на високообразовните институции во општеството, додека тековните податоци ја поддржуваат одржливост долговечноста на овој пристап. Оваа парадигма ги гледа учениците како материјал, кој се трансформира во текот на процесот на високото образование. Студентите не се пазарот; тие се производ, додека пазарот се работодавците, самото општество. Државна поддршка на високото образование во речиси сите земји на ЕУ придружена со Болоњскиот процес и механизмите во рамките на програмата Еразмус + ги отстранува многуте пречки за финансирање на меѓународната мобилност на студентите. Податоците покажуваат дека овие механизми се ефективни; додека единствен предизвик кои во последно време се разгледува е прашањето дали производот, односно квалитетот на образованието ги исполнува барањата на работодавачите.
Извештајот на Центарот за Управување со Знаење за глобалните трендови на меѓународната мобилност на студентите може да се преземе од следниот линк.
Во денешно време не постои сомнеж дека изворот на конкурентска предност на земјите е иновативниот потенцијал на нивните економии; сепак, иновациите не се гледаат само на микро ниво, односно на организациско и индустриско ниво; тие исто така произлегуваат од начинот на кој државите управуваат и ги зајакнуваат своите економии. Студијата за деловното опкружување и иновативен потенцијал на Република Македонија ги истражува макро и микро-детерминантите на иновативниот потенцијал на земјата во периодот 2010-2017 година.
Студијата може да се превземе на следниот линк.
Вредностите на индикаторите може да ги превземете на следниот линк.
Со цел зголемување на конкурентноста на Југоисточниот плански регион преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото, формиран е Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Остварувањето на основната задача на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион е поврзано со изготвување на Регионална програма и Акциски план за развој и поддршка на приватниот сектор во координација со другите ентитети во Југоисточниот плански регион.
Регионална програма и Акциски план за развој и поддршка на приватниот сектор во координација со другите ентитети во Југоисточниот плански регион се изработи во периодот ноември 2015–јануари 2016 година, користејќи методологија која опфати 3 методи на собирање на податоци (истражување на секундарни податоци, фокус групи и електронска анкета).
Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот може да се превземе од следниот линк.
Овој документ е изработен во рамките на проектот „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на споредување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“, финансиран од Министерството за локална самоуправа.
Целта на Водичот е да ве запознае со можностите и поволностите за инвестирање во југоисточниот регион, националните и регионалните политики и мерките за поддршка на инвестициите, како и со специфичностите на постојните индустриски зони и инвестициски локации.
Географски, југоисточниот регион ја опфаќа територијата на крајниот југоисточен дел на Република Македонија или, поточно, подрачјето на струмичко-радовишката и гевгелиско-валандовската котлина, односно долината на реката Струмица и долниот тек на реката Вардар. Регионот се граничи со Република Грција на југ и Република Бугарија на исток, а на север и запад со источниот и вардарскиот регион. Според податоците за 2014 година, во регионот живеат 173.457 жители, односно 8,48% од вкупното население во Република Македонија. Регионот има вкупна површина од 2.835 км2, односно 10,9% од вкупната површина на државата, со густина на населеност од 61,2 жители на км2. Вкупно десет општини го сочинуваат југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица.
Со цел подобро да ги опфати сите потребни информации што ви се потребни за да донесете информирани одлуки Водичот за инвеститори се состои од четири дела. Во првиот дел се дадени општи информации за Република Македонија (географија, политички систем и економија) со цел да се нагласат нејзините предности како погодна локација за вашите инвестиции. Во вториот дел е претставено деловното опкружување, каде што многу детално ве информираме за правната и институционалната рамка што го регулира водењето бизнис во Република Македонија, почнувајќи од можностите за основање фирма, процесите за водење бизнис, даноците, пазарот на работна сила, градежното земјиште и недвижниот имот, како и можностите за финансиска поддршка на фирмите. Третиот дел се однесува на југоисточниот плански регион, каде што се дадени општи информации за регионот и предностите што регионот ги нуди како извонредна локација за вашите инвестиции. Во четвртиот дел се претставени секоја од десетте општини во регионот и потенцијалите за инвестиции во нив. Ви ги претставуваме основните информации за секоја општина посебно, вклучително и кратка информација за општината, сообраќајните врски, човечките ресурси и образованието, локалната економија со посебен осврт на индустриските зони и локациите за инвестиции.
Целиот документ може да се превземе од следниот линк.
Во современиот свет на либерализирани пазари, поврзани економии, и широка распространетост на новите технологии, состојбата на постојани промени е новото статус кво. За да може една економија успешно да се справи со предизвиците на новото време потребно е да биде конкурентна и да изгради предност која се заснова на иновации и знаење во сектори кадешто постои висока додадена вредност.
Целта на оваа анализа е да направи пресек на политиките и програмите во секторот за конкурентност и иновативност во Република Македонија со посебен фокус врз иновативноста, да ги разгледа досегашните активности и реализирани мерки, да идентификува области за подобрување и да предложи мерки. Истата се спроведува под ИПА 2 механизмот за граѓански организации.