Според Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD), се очекува глобалните инвестиции и понатаму да се намалуваат во 2021-ва година, пред  пополека да започнат да закрепнуваат во 2022-та година.

Глобалните текови на СДИ  ќе се намалат за дури 40% оваа година од вкупните 1,54 милијарди американски долари во 2019. Падот може да резултира во инвестиции под 1 милијарда американски долари што ќе биде враќање на вредностите од 2005-та година.  

 

UNCTAD предвидува странските директни инвестиции да се намалат за дополнителни 5-10% во 2021 година, пред да започне со закрепнување во 2022-та година. Закрепнувањето ќе го предводат: реструктуирање на глобалните синџири на вредности (GVC) за да бидат поотпорни на слични кризи, надополнување на капиталот и очекуваното глобално економско закрепнување.

 

 „Падот, иако е сериозен насекаде, варира во зависност од регионот. Економиите во развој се очекува да забележат најголем пад на странските директни инвестиции затоа што тие повеќе се потпираат на инвестиции во интензивни и екстрактивни индустрии кои беа сериозно погодени со пандемијата и затоа што не се во можност да ги воведат истите мерки за економска поддршка како развиените економии, “, изјваи Џејмс Хана  директор за инвестиции на UNCTAD .

 Се очекува странските директни инвестиции во развиените земји да се намалат помеѓу 25% и 45%, со оглед на тоа што кризата „Ковид-19“ ги забавува мултинационалните претпријатија (МНЕ) во капиталните расходи. Смалувањето на профитот на компаниите ќе има директно влијание врз реинвестираната заработка, која во просек учествува со повеќе од 50% во сите странски директни инвестиции.

Пад на аквизициите и спојувањата  

Податоците за првите месеци од 2020-та година го потенцираат ова влијание. Бројот на прекуграничните превземања и спојувања на претпријатија во развиените економии беше за 53% помал од месечниот просек за 2019-та година.  Економиите во развој се очекува да забележат поголем пад помеѓу 30% и 45%.  На долг рок се очекува дека системот на меѓународни синџири на производство да претрпи трансформација заради кризата „Ковид-19“, која заедно со новите промени во политиката кој одат кон економски национализам, ќе создадат нови индустриски трендови.

UNCTAD посочува на четири можни траектории за меѓународна конфигурации на синџирите на производство во следната деценија: преструктуирање, диверзификација, регионализација и репликација.

 „Справувањето со предизвиците и капитализацијата на можностите бара промена во парадигмата на размислување и воведување на нова форма на инвестиции. Променливиот контекст на меѓународното производство бара одреден степен на ребаланс на растот кој во следната деценија треба да се бара во регионалната побарувачка и услуги “, изјави Хана.