Министерството за економија до Владата предложи Програма со која ке се субвенционира настани кои ќе се организираат во категоризирани угостителски објекти во државата. Мерката предвидува покривање на 50% од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант за организирање на обуки, семинари, конференции во домашни туристички капацитети од страна на сите, здруженија, компании како и институции кои планираат да организираат во рамките на своите активности.

За реализација на оваа програма Министерството за економија ќе објави Јавен повик за доделување на субвенции за кофинансирање на трошоците за организација на настани, а за реализирање на истата се обезбедени 15 милиони денари или 245 илјади евра. Еден апликант може да поднесе најмногу до 3 (три) барања за кофинансирање на трошоците за организација на настани. Апликантот до Министерството за економија доставува барање со прилог резервација на сала за обуки, семинари, конференции и слично и договор со угостителскиот објект со прилог фактура и краток опис за настанот. Министерството за економија потпишува Договор со организаторот на настанот и во рок од 7 дена по потпишување на истиот, одобрените средства се префрлуваат на сметка на организаторот на настанот.

Извор: Министерство за економија