trgovska razmena

 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на     извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2018 година,     изнесува 169 098 440 илјади денари и бележи пораст од 13.4 % во однос на истиот   период од претходната година.

 Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни   2018 година, изнесува 225 60   248 илјади денари, што е за 10.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната   година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 56 561 808   илјади денари.

 Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 74.9%.

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 107.0

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21.3 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (17.4 %) и Информации и комуникации (15.7 %). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (19.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.1 %) и Градежништво (3.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2018 изнесува 35 983 денари.

 

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 101.1. 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи опаѓање од 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.8 %.  

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. 


Според главните индустриски групи, производството во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 18.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 39.7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %. 


Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на периодот јануари – мај 2017 година, изнесува 103.5.

Извор: Државен Завод за Статистика на РМ (2018)

Дигиталната Агенда за Западен Балкан која се усвои денес, 26.06.2018-та година во Софија, ги соддржи следните 4-ри столба. 

  1. Инвестирање во широкопојасно поврзување: Добрата дигитална инфраструктура е од суштинско значење за развојот на широкопојасен интернет во Западен Балкан. Според инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), 30 милиони евра во грантовите на ЕУ ќе бидат ставени на располагање за распоредување на широкопојасна инфраструктура во регионот за мобилизирање на стратешките инвестиции и поттикнување на социо-економскиот раст. Пакет за техничка помош веќе е одобрен за Албанија под WBIF како еден од првите инвестициски пакети.

  2. Зголемување на сајбер-безбедноста, довербата и дигитализацијата на индустријата: ЕУ и регионот на Западен Балкан имаат заедничка цел да ја подобрат безбедноста и довербата на интернет. Дигиталната агенда за Западен Балкан ќе го поддржи градењето на капацитетите за безбедност и дигитализацијата на индустријата во Западен Балкан, за да се осигура дека сите сектори имаат корист од дигиталните иновации.

  3. Зајакнување на дигиталната економија и општеството: Дигиталната агенда ќе го поддржи распоредувањето на алатките за е-влада, е-набавки и e-здравство и ќе помогне во зголемувањето на дигиталните вештини кај граѓаните. Ова ќе се направи преку поддршка на вклученоста и застапеноста на Западен Балкан во иницијативите и настаните на ЕУ. Ова го вклучува Самитот Startup Europe 2018 во Софија, овозможувајќи регионални стартапи да се поврзат и да се поврзат со големите европски центри; отварање на дигитална можност на учениците и младите луѓе од Западен Балкан за да се здобијат со обуки во дигитални области; и отворање на Недела на Кодексот на ЕУ за сите партнери од Западен Балкан, со што ќе се донесат вештини за кодирање и дигитална писменост во регионот.

  4. Зголемување на истражувањата и иновациите: Дигиталната агенда ќе помогне во воспоставувањето на национални истражувачки капацитети и развивање на најсовремени е-инфраструктури во Западен Балкан и истите ќе ги интегрира во новата дигитална европска истражувачка област. Овој напор ќе донесе обука од светска класа за новата генерација на истражувачи и инженери и ќе промовира интердисциплинарна соработка низ цела Европа.

Со оглед на обемот на потребните инвестиции, Комисијата е силно посветена на тесна соработка со сите партнери и властите од Западен Балкан за да се истражи како може дигиталната агенда да биде целосно имплементирана.

Иницијативата за Дијалог за ИКТ и Западен Балкан, создадена од Комисијата во соработка со партнерите од Западен Балкан, ќе го следи спроведувањето на Дигиталната агенда.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по 
вработен, во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 105.5. 


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен 
во секторите: Рударство и вадење на камен (32.1 %), Преработувачка индустрија (13.1 %) и Објекти за сместување и 
сервисни дејности со храна (11.3 %). 


Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е 
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.3 %), Административни и помошни услужни дејности 
(4.1.%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %). 


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2018 изнесува 35 117 денари.

Извор: Завод за Статистика на РМ

 

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2018 година е 0.1 %.

Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите:

  • Њ, О и П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 12.1 %;
  • Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.5 % и
  • К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8.5 %.

 

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 4.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 64.3 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 9.1 %.