Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91.2% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G), имале 63.0% од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: ноутбук, лаптоп, смартфон, телефон PDA итн.), за деловна намена, користеле 14.5% од вработените во деловните субјекти. 54.2% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (на пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, алатки Wiki итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење одреден социјален медиум.
Околу 49% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 80% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 59% имале наведено линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 21% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање. Во текот на 2016 година, 10.3% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 6.0%, а е-купувања имале 5.8% од деловните субјекти.
19-тиот национален конгрес на Комунистичката партија на Кина започнa во Пекинг и ветува дека ќе биде најголемиот настан оваа година. Конгресот носи вистинска промена на парадигмата - важна промена што се случува кога вообичаениот начин на размислување се заменува со нов. Токму тоа ќе биде овој Конгрес и тоа е причината зошто тој е од историско значење за секој од нас и за глобалната економија.
Индексот за глобална конкурентност претставува рамка и соодветен сет на индикатори во три главни категории и дванаесет политички домени за 137 економии. Најновиот извештај за глобалната конкурентност 2017-2018 укажува дека десет години од глобалната финансиска криза, изгледите за одржливо економско обновување се изложени на ризик поради зголемениот неуспех од страна на лидерите и носителите на одлуки да воведат реформи за поддршка на конкурентноста што ќе придонесе за зголемување на продуктивноста
Швајцарија, САД и Сингапур остануваат трите најконкурентни економии во светот, а потоа следат Холандија, Германија и Хонг Конг
Со ранг на 68-то место во претходната година, Македонија не учествува во овогодишното рангирање. Од нашите соседи највисоко рангирани според Извештајот за глобална конкурентност 2017 – 2018 се:
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 196 628 850 илјади денари и бележи пораст од 14.0% во однос на истиот период од претходната година.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598 881 милиони денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7.1%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 94.7.