Во свет кој се бори да ја спречи појавата на COVID-19, најголемиот пробле е здравствената инфраструктура и капацитетот за тестирање.
Различни земји имплементираат различни стратегии за тестирање како и опсези на достапни дијагностички тестови. Потребна е независна проценка на овие тестови и упатства за да се обезбеди безбедно и сигурно тестирање.
На оваа обука, ќе ги откриете најновите препораки за тестирање за COVID-19, ќе добиете ажурирани информации за спроведување на тестовите и како најдобро да ги распоредите.
Кои теми ќе ги покриете?
- Тековната состојба на пандемијата COVID-19 и улогата на дијагностиката во барање на одговор за пандемијата
- Различните видови на дијагностички тестови и нивната употреба при појава на COVID-19
- Тековните препораки за дијагностицирање на COVID-19 и стратегии за тестирање
- Како земјите воспоставуваат и го зголемуваат тестирањето на COVID-19 и клучните размислувања за безбедност, квалитет и влијание на дијагностичките услуги
Што ќе постигнете?
До крајот на курсот, ќе можете да…
- Идентификувате различни видови на дијагностика за тестирање на COVID-19, научете за нивната употреба за подобро разберете дали и како можат да се спроведат во вашата земја
- Научите како земјите го зголемуваат капацитетот за тестирање, додека истражувате клучни размислувања за да ги информирате вашите сограѓани
- Идентификувате клучни технички и оперативни размислувања за тестирање и како истите да ги примените за да обезбедите безбедни и квалитетни услуги за тестирање
- Развивате разбирање за глобалните препораки за употреба на COVID-19 дијагностицирање и стратегии за тестирање.
Обуката започнува на 20ти април. Истата е на англиски јазик. Истата е бесплатна. Регистрација на следниот линк