Истражувањето е сложен процес кој се состои од идентификување, интерпретација и генерирање на ново знаење. Оттука, истражувањето не е барање на игла во сено и се разликува од случајното собирање на податоци. Тоа е процес на систематско собирање на податоци кој има јасна цел т.е. цели поврзани со наодите.
Краткиот прирачник за основи на академското истражување ги опфаќа сите чекори кои се потребни за да се направи добро академско истражување.
Тие чекори се:
- Дефинирање на опфатот на истражувањето со поставување на јасни истражувачки прашања и цели,
- Преглед и критична анализа на постоечката литература во областа (теоретски и емпириски студии),
- Поставување на истражувачкиот модел и дефинирање на истражувачката методологија која опфаќа: филозофија, стратегија, дизајн, методи на собирање на податоци, мерки за променливити,
- Самиот процес на теренско истражување,
- Етика,
- Обработка и презентација на податоците.
Прирачникот може да се првземе преку следниот линк.