Одлучни и посветени во нашата мисија секое дете да добие право на образование, со нова несебична поддршка од компанијата НЕТЦЕТЕРА, денес реализиравме нова донација од 15 лаптоп компјутери за учениците од следниве основни училишта:
Одлучни и посветени во нашата мисија секое дете да добие право на образование, со нова несебична поддршка од компанијата НЕТЦЕТЕРА, денес реализиравме нова донација од 15 лаптоп компјутери за учениците од следниве основни училишта:
WECAN (Обука на тренери на жени претприемачи) е проект финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, кој Центарот за управување со знаење го спроведува заедно со уште 5 партнери од други ЕУ земји. Целта на проектот е да се зголеми претприемачкиот капацитет на жените и да се зајакнат оние кои одлучиле да бидат претприемачи или оние кои штотуку започнуваат да го развиваат своето претпријатие, преку употреба на прилагодена програма за обука. За повеќе информации за проектот, кликнете тука.
Денес во Гимназијата „Никола Карев“ и ООУ„Аврам Писевски“ од Скопје беа донирани компјутери за сите ученици кои немаа соодветен уред за следење на онлајн настава на почетокот на оваа учебна година. Со оваа донација од вкупно 30 користени компјутери ќе се покријат во целост побарувањата за уреди на учениците во двете споменати училишта. Компјутерите се донирани, сервисирани и целосно ставени во функција за непречено користење од страна на членките на Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ.
„Разбистри сè“ е кампања која се реализира во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Британската амбасада во Скопје. Кампањата ќе се фокусира на два специфични проблеми: управување со водни ресурси и инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси (минерални суровини, шуми, почви и води). Целта на истата е да се подигне свеста на граѓаните за овие проблеми и да се зголеми влијанието или да се променат јавните политики.
Центарот за Управување со Знаење е еден од 9-те технолошки центри, акцелератори и паркови кои ќе учествуваат во претстојниот EUSAIR POPRI youth настан.
Центарот за управување со знаење (ЦКМ) доби средства во рамките на Еразмус + програмата КА104 (2020) за проектот „Развој на капацитети за Хоризонт Европа“ - HorizonReady (Подготвени за Хоризонт). Подготвени за Хоризонт има за цел да ги зајакне капацитетите на организацијата и на земјата за искористување на можностите од новата програма Хоризонт Европа (2021-2027).
Проектот „Оддржлив (кружен) модел на управување со човечките ресурси“ има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од традиционален, линеарен модел на управување со човечките ресурси во оддржлив (кружен) модел кој ја подобрува регенерацијата на вештините и компетенциите на работното место и поттикнува кружни и одржливи деловни и организациски модели. Тоа е проект кој се имплементира од 8 проектни партнери - сите европски организации кои имаат долгогодишно искуство.Центарот за управување со знаење е партнер од Македонија.
Автор: Ивана Иванова
CircularHRM или „Оддржлив (кружен) модел на управување со човечките ресурси“, го истражува развојот на човечките ресурси според принципите на одржливата (кружна) економија како важен предуслов за создавање на конкурентна економија. Кружното управување со човечките ресурси може да резултира со трајни и одржливи вештини, за разлика од сегашниот линеарен модел на ангажирање, управување и на крај отпуштање од работа. Тоа има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од традиционален, линеарен модел на управување со човечките ресурси во оддржлив (кружен) модел.
На 25ти и 26ти септември 2020 година се оддржа вториот Балкански Форум во Солун, Грција.
На 14 Јули 2020 година директорката на Центарот за управување со знаење, д-р. Андријана Богдановска Ѓ. имаше средба со г-ѓа Валентина Дисоска – претседателка на Здружението на бизнис жени. На овој состанок беше презентиран проектот WECAN.
Поимот Кружна Економија се однесува на концептите и практиките кои се поврзани со одговорно користење на природните ресурси и оптимизација на физичкиот капитал. Дали принципите на кружната економија исто така можат да се применат и на управувањето со човечки ресурси и со која додадена вредност?
На 19-20 ноември 2019 година го организиравме почетниот состанок за новиот проект „WECAN“ во Валенсија, Шпанија. WECAN е новиот проект за европско партнерство на Центарот за Управување со Знаење, кој има за цел да развие иновативна програма за учење и да ја охрабри претприемачката активност кај жените (потенцијални претприемачи, хонорарни преведувачи, невработени) на возраст од 30-45 години без никакво или мало претприемачко искуство.