Во рамки на проектот М-комерц, финансиран преку Ерасмус Плус Програмата на Европската Унија , Knowldge Center ја организира првата 6-дневна обука во Мобилна Трговија во Македонија.
Обуката е предвидена да се спроведува со мала група од 10 слушатели кои доаѓаат од малите и средни претпријатија. Оттука селекцијата на првата група слушатели ќе биде направена според нивната мотивација и потреба од вакви вештини и знаења.