Проектот ШАНСА ЗА ТЕБЕ (бр. 48-00-00164-2021-28-3) во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Северна Македонија 2016-2020 (во натамошниот текст: Проект) е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопскиот плански регион од Скопје, Северна Македонија, Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот округ од Лесковац и Општина Власотинце, Србија (во натамошниот текст: Партнери на проектот). Овој проект е кофинансиран од Европската Унија. Проектот се стреми да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила, поттикнува воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор и придонесува за зголемување на капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програмите за вработување.
Во таа насока, проектните партнери организираат дводневен настан наречен "ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ" ("OPPORTUNITY4YOU DAYS"). .
Ова е завршен настан од проектот, каде што ќе се промовира прекуграничната соработка, ќе се презентираат резултатите од проектот и ќе им се даде шанса на младите, жените и невработените лица од прекуграничниот регион да стапат во контакт со работодавачи од прекуграничниот регион на саемот за вработување, кој е составен дел од настанот.
Настанот „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ ќе се одржи на 27 и 28 август 2024 година во просториите на хотел Бавка, Горњи Буниброд 16221 Лесковац. Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот округ ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на овој настан.
Теми:
- Унапредување на прекуграничната соработка во областа на мобилноста на работната сила и вработувањето
- Дисеминација на резултатите од проектот „Шанса за тебе“.
- Нови перспективи: Можности за прекугранична соработка во рамките на Програмата за прекугранична соработка Србија - Северна Македонија 2021-2027 година.
- Меѓународен саем за вработување (Прв прекуграничен саем за вработување Србија - Северна Македонија)
- Вмрежување и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор
Целни групи:
Локални самоуправи, мали и средни претпријатија, претпријатија во сопственост или управувани од жени, институции за формално и неформално образование, граѓански организации, занаетчии / земјоделци, деловни здруженија, невработени лица и студенти од прекуграничниот регион,
Учесници:
- 50 млади и невработени лица од прекуграничната област Србија - Северна Македонија (25 од Србија + 25 од Северна Македонија). - Жители на една од општините кои припаѓаат на прекуграничниот регион од Северна Македонија: Сопиште, Студеничани, Зелениково, Сарај, Ѓорче Петров, Бутел, Арачиново, Илинден, Петровац, Чучер Сандово, Липково, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Негоричане, Ранковце или жители на општините во Република Србија кои припаѓаат на Јабланичкиот и Пчињнскиот округ.
- 50 претставници на локални самоуправи, мали и средни претпријатија, претпријатија во сопственост или раководени од жени, институции за формално и неформално образование, граѓански организации, занаетчии / земјоделци, деловни здруженија од прекуграничната област Србија-Северна Македонија (25 од Србија + 25 од Северна Македонија).
Патување на настанот: за учесниците од Северна Македонија обезбеден е превоз.
Место на поаѓање (врска/мапа)
Сместување за учесниците на настанот: Сместувањето за 54 македонски учесници го обезбедува Ко-корисникот 2 на база ноќевање со појадок.
Храна и освежување: На сите учесници на работилницата им се обезбедува бесплатно освежување, кафе пауза и кетеринг. Ќе бидат обезбедени само безалкохолни пијалоци.
Цена за учество: Учеството е бесплатно за сите поканети учесници. Буџетот на проектот не покрива дневници и други лични трошоци на учесниците на настанот.