Проектниот тим NWoW4 Net Zero го оддржа последениот транснационален состанок минатата недела во просториите на PLS во Брисел.
На истиот присуствуваа членови на тимот од сите партнери кои заедно се здружија за да ги затворат последните чекори на оваа иницијатива и да ја дефинираат нејзината иднина.
Состанокот се одржа на 13-ти февруари и на него присуствуваа CKM, PLS, TalTech и HTag (Референца).
Средбата започна со топло добредојде од Салима Читалија од Pour la Solidarité (PLS), која исто така нбеше одговорна за логистиката на состанокот. Андријана Богдановска од CKM информираше за проектниот менаџмент, нагласувајќи ја неопходноста од затворање на сите административни активности и документација поврзани со проектот во зададените рокови. Тимот нотираше значително подобрување во испораката на проектните резултати. Состанокот го подготви теренот за завршната конференција, која ги опфати согледувањата и влијанијата на проектот NWoW4 Net Zero, коорганизирана од Htag Référence и PLS, одржана на 14 февруари во SMART City, Брисел.