На 14-ти февруари, се одржа завршната конференција од проектот Нови начини на работа за за нула емисии во DigitalCity во Брисел, Белгија.
Конференцијата собра претставници од секој од партнерите, како и професионалци за човечки ресурси и академици од Франција и Белгија, за да дознаат повеќе за проектот и подобро да се согледаат проектните резултати.
Две години овој проект се спроведуваше со цел да се обезбедат алатки за професионалците за човечки ресурси за да се намалат емисиите на јаглерод на работното место во три клучни области:
• Нови начини на работа
• Работна мобилност
• Одржливо користење на ИТ
Оваа конференција им овозможи на партнерите и присутните експерти и професионалци за човечки ресурси, да навлезат подлабоко во овие клучни области и да објаснат како и зошто професионалците за човечки ресурси треба да преземат иницијатива за намалување на емисиите на јаглерод во работниот простор. Презентациите беа одржани од членовите на сите проектни партнери, заедно со презентации од експерти и консултанти. Овие презентации опфатија многу интересни аспекти на проектот, при што презентерите ги испитуваа Целите за одржлив развој, придобивките од трошоците за компаниите поврзани со одржливи практики, различните улоги што професионалците за човечки ресурси можат да ги имаат во компанијата, важноста и практичноста на хибридните работни политики и многу повеќе.