Дигитална декада – Настанот за квалитет на јавните е-услуги за граѓаните собра експерти од различни области, луѓе кои работат во државните служби и граѓани со различни позиции на работилница на која беа презентирани наодите од Студијата за квалитетот на е-услугите за граѓаните во Северна Македонија .

Оддржана во Панорамика Хотел Дизајн Скопје, на 15.01.2024 година, работилницата имаше за цел да сподели како напредува Северна Македонија на полето на дигитализацијата, квалитетот на е-услугите, што е постигнато и што треба да се направи за да се постигнат подобри резултати.

 Конференцијата опфати динамична програма која вклучуваше главни обраќања на организаторот на проектот и на двајца експерти, дискусии за квалитетот на е-услугите и за тоа што треба да се подобри. Значајните сесии вклучија длабоко навлегување во предложените мерки, политики, програми за надминување на предизвиците со квалитетот на е-услугите за граѓаните во Северна Македонија.

Публика и присуство:

Вкупно присутни: 28

Различност: Разновидна публика, експерти од различни области, луѓе кои работат во државните служби и граѓани со различни позиции


Значајни гости:  д-р Андријана Богадановска, д-р Ана Секуловска, М-р. Ирена Б. Каракашев


Клучни препораки:

Ако Северна Македонија го подобри квалитетот на е-услугите за подобро усогласување со стандардите на ЕУ, тогаш ветувањето за Дигитална декада и правата и придобивките поврзани со неа ќе станат реалност за Македонците.
Има многу работа што треба да се направи, но Северна Македонија е на вистинскиот пат да ја постигне целта да има подобар квалитет на е-услугите.
Конференцијата за Дигитална декада – Квалитет на јавните е-услуги за граѓаните успешно ги постигна своите цели за поттикнување на соработка и размена на знаење. Позитивните повратни информации и добиените вредни сознанија ќе придонесат за планирање на идните изданија на настанот.

„Дигитална декада “ е проект кој има за цел да го поттикне и зајакне развојот на квалитетни јавни е-услуги во Северна Македонија усогласени со целите и визијата за дигитална трансформација на Европската Унија до 2030 година и Дигиталната агенда за Западен Балкан. 

Slika 5

Slika 3