Празнично и во одлична атмосвера на 27 и 28 август, Во Лесковац, Србија, во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”, се одржа првиот прекуграничен Саем на Вработување наречен “ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” како завршница и „круна” на самиот проект.
Овој пионер меѓу саемите од ваков тип, го сврте вниманието на јавноста како одлична можност за подобрување на прекуграничната мобилност и вработливост без бариери и со многу олеснувања согласно на можностите што ги нуди зоната на „Отворен Балкан”. Дводневниот саем беше конципиран со Конференција во која сите вклучени страни ги претставија резултатите од проектот и капацитетите на ИПА 2 програмата, преку поздравен говор од страна на:
- Програмскиот менаџер на Европската делегација, Г-дин Константинос Соупилас,
- Претседателот на Општината Власотинце Г-дин Братислав Петровиќ,
- Директорката на Центарот за развој на Јабланичко Пчињски округ Г-ѓа Драгана Белензада,
- Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион Г-дин Борче Митевски,
- Државниот советник за ИПА фондови при Министерството за локална самоуправа Г-дин Стефан Вангелски
и претставниците на проектниот тим:
- г-ѓа Андријана Богдановска, од Центарот за Управување на знаење како водечки партнер во проектот,
- г-ѓа Регина Икономовска, од Центарот за развој на Скоски плански регион
- г-дин Горан Миленковиќ и од Центарот за развој на Јабланичко-пчињскиот округ
- г-дин Маринко Ѓорѓевиќ, од општината Власотинце.
На вториот ден од настанот беше одржан Саемот „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” на кој по прв пат „лице в лице” се сретнаа, барателите на работа со менаџерите и сопствениците на компаниите од прекуграничниот регион за да ги претстават своите потреби и да ја искористат можноста за вработување на соодветен кадар.
Саемот на кој се претставија повеќе етаблирани компании помина во одлична атмосвера, во која посетителите имаа можност да ја искористат својата шанса за вработување, склучување партнерства и вмрежувања. На овој настан, добитници беа сите, но најмногу оние на кои им е најпотребен ваков континуиран настан, невработените. На саемот, како претставници од локалните заедници од македонската страна, присуствуваа градоначалниците на општините Ѓорче Петров, Сопиште, Зелениково, Петровец и Илинден кои ја изразија својата поддршка и отвореност за соработка со братските општини од Србија во претстојните проекти од областа на прекуграничниот развој.