податоците на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD) покажуваат дека странските инвеститори ги повлекоа своите инвестиции од Европа во рекордно време во првата половина на 2020-та.

Странските инвеститори ги повлекоа инвестициите и заработката од Европа во рекордно време во првата половина на 2020-та година како реакција на пандемијата, притоа ревидирајќи ги долгорочните стратегии.  „Мултинационалните компании сѐуште се во фаза на одговор, не се во фаза на закрепнување и градење на отпорност.“ вели Џејмс Џан (James Zhan), директор на Инвестиции при Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој. „Главно, сѐ уште нема масовно реструктуирање на производните системи. Она што до сега го гледаме е стопирање на тековни проекти и разгледување на нови инвестициски проекти. Но, видовме и дека некои мултинационални компании ги донесоа погоните во своите земји или поблиску во регионот. Од таа причина странските инвестиции во некои земји драстично се намалија.“

Земјите кои дејствуваат како проводни канали се третираат како средни офшор финансиски центри и се користат од мултинационалните компании за насочување на интернационалните инвестиции, воедно овозможувајќи го трансферот на капитал со најмало можно оданочување и надзор, кон поголеми офшор финансиски центри каде капиталот се чува. Овие земји го олеснуваат движењето на капиталот во и надвор од „даночните прибежишта“ кои инаку би паднале под построги домашни регулативи.

Според истражување публикувано во Scientific Reports во 2017 година, во рамки на 5-те најголеми земји кои дејствуваат како проводни канали во однос на вредноста која поминува низ нив, 4 од нив се европски земји. Тие се Холандија, Велика Британија, Швајцарија, Сингапур и Ирска. според податоците на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој, повеќето од овие држави доживеаа силна нестабилност и нето одливи на капитал – што се случува кога вкупниот капитал кој излегува од земјата го надминува вкупниот капитал кој влегува – во првата половина на 2020 година.

Овој одлив на капитал од ваквите земји е симптом на моменталниот метод на „чекај-па-види“ кој го спроведуваат глобалните инвеститори, верува г-дин. Џан. „Тие не планираат да инвестираат во регионот, ниту пак планираат да ги прошират моменталните операции на нивните филијали, па затоа ги преместуваат средствата дома или поблиску до дома.“  Исто така, инвеститорите ги преместуваат своите средства бидејќи очекуваат зголемувања на даноците од страна на европските влади, чии фискални буџети ќе мора да се надополнат со цел да се продолжи со моменталната политика на експанзија. „Во оваа фаза, (европските) владите кои размислуваат за стимулативни пакети истовремено бараат начини како да ги финансираат. Секоја можност за ново оданочување може да има некаква импликација (во умот на инвеститорите), кои поради тоа одлучуваат да ги повлечат средствата. Тоа однесување e со цел избегнување на ризик“ вели г-дин. Џан.

Капиталниот одлив од земјите кои дејствуваат како проводни канали, предизвика пад на вкупните нето странски инвестиции во Европа, кои за првпат откако Конференцијата започнала да собира податоци во 1970 год., достигна нето негатива. Регионот претрпе нето одлив на капитал од 7 милијарди долари во првата половина на 2020 година, во споредба со нето приливот од 202 милијарди долари во истиот период 2019 година, покажуваат податоците на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој.

Извор: FDI Intellegence 2020