Др. Андријана Богдановска Ѓ. учествуваше на 2017 PEP Годишна конференција и состанок кој се оддржа од 8 до 14 јуни во Наироби, Кенија.
Др. Богдановска го презентираше проектот на ЦКМ за „Интегрирани програми за поддршка и раст на малите и средни претприемачи – Случај на Република Македонија” пред присутните истражувачи, практичари и екперти каде проектот беше разгледан во насока на подобрување.
Повеќе од 150 учесници од различи држави и националности учестуваа на конференцијата и имаа можност да дискутираат за проблемите, предизвиците и можностите кои произлегуваат од развој и истражување, анализи на политки и советодавна работа преку учество на работилнци, тренинзи, презентации и панел дискусии.
Конференцијата е организирана со поддршка на Оделот за меѓународен развој на Велика Британија (DFID or UK Aid) и Канадската Влада преку Меѓународниот истражувачки центар за развој (IDRC).