Здружението на граѓани Центар за управување со знаење ќе биде вклучено во изработката на секторски анализи во рамките на ИПА2 механизмот за граѓански организации.
Д-р Андријана Богдановска Ѓуровиќ, директор на Центарот за управување со знаење, е дел од групата на експерти кои се избрани со првиот повик за изработка на секторски анализи во рамките нa ИПА 2 механизам за граѓанските организации (IPA2CSO).
Целта на овие анализи е да придонесат во унапредување на секторските политики, да им овозможат на граѓанските организации застапување засновано на докази и да дадат поддршка на реформските процеси поврзани со евро интеграциите.
Конкурентност и иновации е секторот во кој директно ќе биде вклучена Д-р Богдановска Ѓуровиќ, а анализата ќе биде на тема "Анализа на политиката за развој на конкурентност на приватниот сектор".