На 27-ми јуни, 2017 година, Knowledge Center потпиша Меморандум за соработка со Асоцијацијата на Менаџери на Македонија.
Состанокот се оддржа во просториите на Knowledge Center каде Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на д-р. Андријана Богдановска Ѓуровиќ, директор на Knowledge Center и м-р Маја Ристова, претседател на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија.
Со потпишување на овој Меморандум за соработка двете страни ги дефинираа идните активности со цел да се обезбеди развој и промоција на соработката помеѓу организациите кои вклучуваат реализација на заеднички проекти, настани, обуки и конференции кои се од заеднички интерес.