Земете, направете, консумирајте, фрлете!
Ова е формулата на која се заснова нашиот моментален модел на економија. Овој пристап врши невиден притисок врз природните ресурси и врз нашите екосистеми. Спротивно на тоа, одржливата (кружна) економија има цел да создаде позитивни повратни информации преку зголемување на ефикасноста на употреба на ресурсите, во секоја фаза на животниот циклус на продуктот, притоа колку што е можно повеќе намалувајќи го влијанието врз животната средина и развојот на благосостојбата на поединците.
Кога зборуваме за одржлива (кружна) економија, се ориентираме кон цела серија концепти и практики поврзани со употребата на природните ресурси, кон оптимизацијата на физичките и технолошките ресурси (екодизајн, индустриска екологија, рециклирање, итн.), но никогаш не разговараме за тоа што се подразбира во однос на човечките ресурси. Сепак, ова е еден од столбовите врз основа на кои функционираат претпријатијата. Затоа е незамисливо да се заврши транзицијата кон одржлива (кружна) економија без ново размислување во однос на управувањето со човечките ресурси.
Публикуваниот извештај содржи информации за одржливиот (кружен) модел на управување со човечките ресурси, принципите на одржливо (кружно) управување со човечките ресурси и нивна илустрација со одреден број разгледани студии на претпријатија од 7 европски земји (Белгија, Шпанија, Франција, Ирска, Италија, Литванија и Северна Македонија).
Извештајот од истражувањето може да го најдете на следниот линк.