На 2ри април 2025 година, Центарот за управување со знаење успешно ја реализираше посетата во основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром, Скопје, каде учениците и наставниците имаа можност да се запознаат со основните принципи за безбедно користење на интернетот.
Учениците беа информирани како да ги заштитат своите лични податоци, како да препознаат и избегнат онлајн закани и како безбедно да реагираат во дигиталниот свет уште од најмала возраст. Преку интерактивна дискусија и игра, тие научија како да бидат одговорни и внимателни корисници на интернет.
Наставниците добија корисни насоки за тоа како да го зголемат нивното внимание и да ги заштитат учениците од потенцијалните онлајн опасности. Им беа претставени и стратегии за подобрување на дигиталната безбедност во училиштето, обезбедувајќи сигурна и здрава дигитална средина за учениците. Преку конкретни примери и практични насоки, наставниците ги научија основните правила на дигиталната безбедност кои треба да ги применат на нивното работно место, како што е избегнувањето на сомнителни линкови и контрола на личните информации што се споделуваат онлајн.
Тие беа запознаени и со трендовите и ризиците кои произлегуваат од извештајот за анализа на Анкета за наставници и професори: Безбеден интернет за деца и млади, спроведена од Центарот за управување со знаење.
Интернетот е моќна алатка, но мора да го користиме одговорно и безбедно!
Оваа училишна посета е дел од серијата активности што Центарот за управување гво рамки на проектот MKSafeNet ги организира низ училиштата во државата, со цел да се создаде побезбедна онлајн средина за сите. Следете нè за повеќе информации и новости за нашите следни сесии и активности!