🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје!

Иновации „Од Млади за Млади“ за побезбеден интернет!  
Националниот хакатон „MKSAFENET Innovators 2025!“

Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина

Центарот за управување со знаење (ЦКМ) го споделува повикот за изразување на интерес за учество на студентски

Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон.

Тимот Risonic, составен од учениците Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани ќе ја

MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите!

На 2ри април 2025 година, Центарот за управување со знаење успешно ја реализираше посетата во основното

Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”

Празнично и во одлична атмосвера на 27 и 28 август, Во Лесковац, Србија, во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”,

Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

Дигитална декада – Квалитет на јавните е-услуги за бизнисите собра експерти од различни области, луѓе кои

Previous Next Play Pause
🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје! 🏆 „MKSAFENET Innovators 2025!“ Победниците од Скопје!
Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина Студентски хакатон „MKSafeNet Innovators 2025“ – Иновации за побезбедна дигитална иднина
Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон. Миа, Сара, Матеа и Велинчо од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на меѓународниот SMART CITY HACK хакатон.
MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите! MKSafeNet – Градиме побезбеден интернет за сите!
Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”
Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси Настан Дигитална декада – Квалитет на јавни е-услуги за бизниси

На 4 јуни, на самиот крај од учебната година, Центарот за управување со знаење (ЦУЗ) во рамки на проектот MKSafeNet-Центар за побезбеден интернет, реализираше едукативна посета на двете средни училишта во Прилеп – СОЕПТУ „Кузман Јосифовски - Питу“ и СОУ „Орде Чопела“.

 

Во рамки на посетата беа одржани интерактивни инфо сесии за дигитална безбедност наменети за ученици и наставници.

 

Сесииите опфатија ученици од прва до четврта година, а темите што се обработуваа беа од особено значење за младите во денешниот дигитален свет: заштита на лични податоци, препознавање на онлајн измами и фишинг напади, спречување и пријавување на сајбер насилство, како и употреба на безбедни интернет алатки и постоечки механизми за пријавување штетна содржина. Учениците покажаа високо ниво на заинтересираност и активно учество – поставуваа прашања, дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат онлајн и споделуваа лични искуства поврзани со интернет користењето. Динамичната и отворена атмосфера на сесиите беше вистински показател за нивната свесност и подготвеност за одговорно и безбедно онлајн однесување.

Голема вклученост и интерес покажаа и наставниците, кои се запознаа со најновите алатки и добри практики за заштита во дигиталната средина – и во рамки на училиштето и надвор од него и преку едукативната сессија научија како да ги зајакнат своите капацитети за поддршка на учениците и создавање на побезбедна дигитална училишна заедница.

Проектот MKSafeNet, како дел од пошироките активности на Центарот за побезбеден интернет, продолжува со својата мисија да ја подигне свеста и да ги едуцира децата, младите и возрасните за важноста од безбедна и одговорна употреба на интернетот – со нови активности во училиштата низ Република Северна Македонија се гледаме од септември!

 

Проектот MKSafeNet го спроведува Министерството за дигитална трансформација (МДТ) заедно со проектните партнери од Конзорциумот.  Проектот е кофинансиран од Европската Комисија преку програмата Дигитална Европа.