Информирање на тековната дебата за јавните политики и теми на јавната агенда
CKM е посветен на поддршка на прашања од јавен интерес во областa на економскиот развој, наука и технологијата, поволна средина за бизниси и претприемништво.
Во нашиот Центар можете да пребарувате, да ја читате и да ја преземете нашата работа, собрана од истражувања и активности на повеќе од десет проекти.
Економски развој
Истражувањето на CKM за економскиот развој е фокусирано на конкурентноста и иновациите на малите и средни претпријатија, признати како главен двигател на економскиот раст на нациите. Во рамките на оваа област, CKM опфаќа и истражување на политики за вработување и самовработување, заедно со решенија за намалување на сиромаштијата.
Наука и технологија
Експертите на CKM се меѓу пионерите на клучните научни истражувања и технолошки развој во регионот. CKM се фокусира на истражувања во научни цели, трансфер на технологии и апликативни технолошки проекти. CKM работи на создавање на поволно опкружување за на создавање и зголемување на примена на нови технологии и знаења во научните институции и пренесување на технологијата и знаењето на деловните субјекти.
Деловна околина
Работејќи во областа на правото, регулативата и деловните субјекти CKM е насочен кон поддршка во создавање на поволно деловно опкружување за МСПа. CKM работи на истражувања насочени кон постоечките политики и решенија, како и развивање на препораки за создавање на поволно деловно опкружување за странските директни инвеститори и зголемување на ефектите на прелевање на националната и регионалната економија.
Претприемништво
Во областа на претприемништвото CKM се фокусира на поддршка на претприемништвото меѓу младите и жените, како остварлива опција за зголемување на самовработувањето и подобрување на динамиката на пазарот на национално и регионално ниво. Фокусот е ставен на претприемништвото и новите технологии.