Центарот за управување со знаење неодамна му посака добредојде на г-дин Алфред Копола, познат експерт од US Market Access Center од Силиконската долина, Калифорнија. Посетата на г-дин Копола беше организирана во рамките на проектот Gazelle.
Проектот Gazelle, ко-финансиран од програмата Interreg BalkanMed на Европската Унија и Северна Македонија, има за цел да го подобри потенцијалот за раст на стартапите и газелите во регионот преку обезбедување пристап до меѓународна експертиза и ресурси.
Во текот на дво-дневната посета, г.Копола разговараше со 10тина иновативни претприемачи, ја сподели својата експертиза, говореше за факторите за успех на стартапоте, и слушна 10-тина иновативни идеи/проекти од мали и средни претпријатија (МСП) од Северна Македонија.
Осврнувајќи се на посетата, која е дел од поголема посета на европските градови, г-дин Алфред Копола изјави: „Многу сум среќен што имав можност да се запознаам со динамична стартап заедница во Северна Македонија и да слушнам повеќе за нивните иновативни идеи“.
Андријана Богдановска, директорката на Центарот за управување со знаење, изрази благодарност за посетата на г-дин Копола, велејќи: „Почестени сме што г. Копола го сподели своето искуство и знаење со нашите претприемачи и овозможи тие да осознаат како да напредуваат на денешниот конкурентен пазар“.
Како што напредува проектотGazelle, се очекува дека повеќе претприемачи и експерти од различни делови на светот ќе се здружат во негувањето на динамичниот стартап екосистем во Северна Македонија, поттикнувајќи го економскиот раст и создавање погодна средина за нови иновативни потфати.