Инфо ден - Проверување на факти за исхрана : NutriWellB - Скопје 13.11.2024

Центарот за управување со знаење во рамките на ЕУ проектот NutriWellB (Nutrition and Wellbeing Fact-Checking for HE) организир

ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА

Онлајн обука за проверка на факти за здравје и исхрана и навики за постигување благостостојба  - NutriwellB…

Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”

Празнично и во одлична атмосвера на 27 и 28 август, Во Лесковац, Србија, во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”,

Објавени победниците на POPRI EUSAIR Youth 2024! 🌟

 
Македонскиот средношколски тим го освои третото место на натпреварот POPRI EUSAIR Youth 2024. Настанот се одржа на

Кон Иднината: NWoW4Net4Zero завршува со состанок во Брисел

Проектниот тим NWoW4 Net Zero го оддржа последениот транснационален состанок минатата недела во просториите на PLS…

POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис  идеи

 
Центарот за управување со знаење ве поканува да се пријавите на ПОПРИ МЛАДИНСКИ НАТПРЕВАР 2024 та

NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција

На 14-ти февруари, се одржа завршната конференција од проектот Нови начини на работа за за нула емисии во

Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија

Центарот за управување со знаење неодамна му посака добредојде на г-дин Алфред Копола, познат експерт од US…

NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата

Во рамки на проектот „Со нови начини на работа до Нула штетни емисии“ кофинансиран од Еразмус + програмата

Previous Next Play Pause
Инфо ден - Проверување на факти за исхрана : NutriWellB - Скопје 13.11.2024 Инфо ден - Проверување на факти за исхрана : NutriWellB - Скопје 13.11.2024
ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА
Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” Прв прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ”
Објавени победниците на POPRI EUSAIR Youth 2024! 🌟 Објавени победниците на POPRI EUSAIR Youth 2024! 🌟
Кон Иднината: NWoW4Net4Zero завршува со состанок во Брисел Кон Иднината: NWoW4Net4Zero завршува со состанок во Брисел
POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис  идеи  POPRI - Меѓународен натпревар за млади во иновативни бизнис идеи
NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција NWoW4NetZero во Брисел - Финална проектна конференција
Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија Посета од Силиконската долина на стартапите во Македонија
 Проектот „Газели“ и иновациите во Северна Македонија и балканскиот регион Проектот „Газели“ и иновациите во Северна Македонија и балканскиот регион
NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата NWoW4Net-Zero Info Day: Иднината на работата

Центарот за Управување со Знаење е здружение на граѓани формирано во 2008-ма година со цел зајакнување и подобрување на процесите за управување со знаењето во сите сфери на општествениот живот во Република Македонија и Југоисточниот регион. Покривајќи широка палета на активности во соработка со граѓанскиот сектор, државната и јавната администрација, како и профитниот сектор, визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во економскиот и институционалниот развој на земјата и регионот.

Активностите на Центарот се групирани во неколку области.

-       Здружението работи на подигнување на свеста кај клучните актери во општеството за придобивките кои произлегуваат од воведувањето на управувањето со знање во сите сфери на општествениот живот.

-       Центарот работи на зајакнување на капацитетот на организациите за воведување, развивање и подобрување на практиките за управување со знаење во нивната секојдневна работа со цел да се овозможи подобрување на услугите кои ги добиваат граѓаните.

-       Здружението спроведува истражувања и анализи во областа на економијата и економскиот развој со цел да се истражат постоечките и да се предложат нови мерки и проекти во широк дијапазон на области.

Центарот е основан од почитувани членови на заедницата кои доаѓаат од граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор чие знаење и искуство создава синергија на компетенции во голем дијапазон на дисциплини. Комбинацијата на способности го прави Центарот за Управување со Знаење исклучителен партнер во развојот на нови идеи и имплементирањето на локалните и меѓународните проекти покривајќи широк спектар на експертиза како што е управување со знаење, ИТ, развој, и стратешки менаџмент.

 

ТИМ

 

  Branko Djurovic  

julijapeleva

 

natasavidova

Андријана   Бранко   Јулија   Наташа
Богдановска Ѓуровиќ   Ѓуровиќ   Пелева Стојковска   Видова

 

 


Андријана Богдановска Ѓуровиќ

Г-ѓа Богдановска Ѓуровиќ е МБА постдипломец од Универзитетот Sheffield и докторант во областа на стратешкиот менаџмент – управување со знаење. Г-ѓа Ѓуровиќ има повеќе од 5 години работно искуство во раководење и администрирање на проекти од меѓународни донатори, 3 години искуство како универзитетски предавач и 3 години искуство во бизнис истражувања, анализи и консултантски услуги.

Нејзините програми успешно опфатија обука на 30 пратеници од Собранието на Р.М и повеќе од 200 партиски членови. Повеќе од 300 студенти успешно ги посетија нејзините предавања по менаџмент и маркетинг, додека повеќе од 500 жени од невладиниот сектор учествуваа на нејзините обуки.

При работата како продукт менаџер за Т-Home и Т-mobile, интернет пенетрацијата во Македонија се зголеми за три пати и се воведоа првите 3Г-картички на македонскиот пазар.

Г-ѓа Богдановска Ѓуровиќ е консултант (топ 4%) за британска компанија која работи со бизнис анализи и решенија и проекти.

види биографија >>

Branko Djurovic Бранко Ѓуровиќ

Бранко Ѓуровиќ е проект менаџер со 15 години прогресивно работно искуство во областите на осигурување и телекомуникации. Неговата експертиза покрива работа во организирање, развој и управување со бизнис проекти и програми, со посебно внимание на формулација и имплементација на IT и бизнис стратегии, политики и процедури. Г-дин Ѓуровиќ поседува МБА диплома од Универзитетот Sheffield и Сертификат за PRINCE 2.

Неговата способност и вештини во областа на проектниот менаџмент во комбинација со извонредните комуникациски вештини, флексибилност и адаптибилност, резултираа во повеќе од 5 години успешно раководење со меѓународни проектни тимови во QBE групацијата. Сето тоа овозоможи г-динот Ѓуровиќ да поседува уникатна меѓународна експертиза во подготовка и спроведување на стратегии за бизнис процес реинженеринг во неколку земји од ЕУ. Неговите ангажмани на меѓународно ниво опфаќаат работа на проекти во Велика Британија, Македонија, Унгарија, Естонија, Словачка, Украина, Германија и Бугарија.

види биографија >>

 

Јулија Пелева

julijapelevaГ-ѓа Пелева Стојковска е дипломиран економист на департманот за е-бизнис, при Економскиот факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј- Скопје, 2011 година. Има стекнато искуство во сметководство, истражување и анализирање, маркетинг и веб-дизајн.

Во изминатите две години има стекнато искуство во разни области од економијата. Во 2012 година има работено во консултантската компанијата Нолеџ Центар преку програмата за стажирање, каде што се има стекнато со знаење од областа на истражување, анализирање, па се до корисна употреба на социјалните медиуми во работењето на компаниите. Има работено во компанијата Фреш каде ги изучувала маркетингот и рекламирањето преку интернет, како и одржувањето на веб страни. Има поминато разни обуки за сметководство, истражување и анализирање, меркетинг и веб-дизајн.

Kако дел од Центарот за Извонредност, креиран од страна на PPP4Broadband проектот, Г-ѓа Стојковска се здоби со ново знаење во делот на Јавно-Приватно Партнерство, како и со финансиски, аналитички, и вештини кои вклучуваат Excel моделирање. Со самото работење на проектот таа го збогати своето знаење во однос на изработка на физибилити студии, администрирање, организација и управување со проекти.

Во моментот работи како Соработник-истражувач за финансии во Здружението на граѓани- Центар за Управување со Знаење.

види биографија >>

 

natasavidova Наташа Видова

Дипломираниот правник Г-ца Наташа Видова е истражувач во областа на Активни Политики на Пазарот на Трудот во ЕУ, на Темпус Мастер Програмата “Европски Институции и Политики” на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Има повеќе од 5 години искуство со Законската регулатива, граѓанско и корпоративно право, правни спорови, подготвување обвиненија, деловна кореспонденција итн.

Во изминатите години има посетувано неколку обуки, предавања и семинари во различни области на правото. Во 2009 година има посетувано предавања од областа на Родови Студии во истражувачкиот центар на Евро-Балкан Институтот. Курсот кој се состоеше од два семестри беше посветен на транзицијата на жената во општеството од минатото па се до денес. Исто така во 2009 година помина две недели во Интернационалната Летна Школа во Сараево, Транзициона Правда во Југоисточна Европа. Во 2009 доби сертификат од Правниот Универзитет во Белград за учество на семинарот за Значењето на Лобирањето во Модерното Општество. Во 2012 доби сертификат за Основно Управување со проекти од Development Solution и во 2013 присуствуваше на серијата семинари за Правен Англиски и Контрадикторност на системите, правниот систем на САД, во American Corner- Скопје.

Kако дел од Центарот за Извонредност, креиран од страна на PPP4Broadband проектот, Г-ца Видова го прошири своето знаење во делот на Јавното-Приватно Партнерство, законоското регулирање и утврдување на процедурите за ЈПП, како и дфинирање на моделите на ЈПП согласно Македонската регулатива. Преку изработката на физибилити студијата Г-ца Видова го проширири знаењето во процесот за подготовка на целокуопната правна рамка за ЈПП. Изминатиот период таа се стекна и со знаење во областа на администрирање и управување со проекти.

Во моментот работи како Соработник-истражувач за правни работи во Здружението на Граѓани- Центар за Управување со Знаење.

види биографија >>

 

СОРАБОТНИЦИ

Центарот за Управување со Знаење соработува со голема група на консултанти од сите области на советување кои можат да бидат ангажирани за вашите потреби.