Според најновите податоци на Европската Унија објавени на 22-ри јуни 2020, Швајцарија оваа година се закити со првото место како најиновативна европска економија. Северна Македонија и покрај тоа што од 2014-та година покажува континуиран раст на индексот (од 35.2 до 48.48) се уште е далеку позади европските, па дури и балканските просеци. 

Нашата земја се наоѓа во последната група на држави означени како „скромни иноватори“ заедно со уште две балкански држави, Бугарија и Црна Гора (обележани со портокалова боја). Треба да се напомене дека пред неколку години бевме во повисоката категорија заедно со Србија и Хрватска или во категоријата на „просечни иноватори“ (обележани со жолта боја), но и покрај растот на индексот ја загубивме таа позиција.  

сл 2Тоа произлегува оттаму што индексот е релативен и зависи од перформансот на другите европски економии. Со други зборови, работиме и покажуваме резултати во делот на иновативниот перформанс на економијата, но другите држави покажуваат подобри резултати.  

Релативноста на нашиот раст во иновативниот индекс се гледа и преку вредноста на просечниот раст на БДП во периодот 2017-2019. Со вредност од 1.88% нашиот просечен раст е најнизок и далеку под другите балкански држави кои се водат како економии во развој (Црна Гора, Србија).  Во однос на просечниот БДП, Црна Гора и Србија со раст над 4% се доближуваат до очекуваниот минимален раст на БДП за земји во развој (5% на годишно ниво), додека Северна Македонија е на дното во регионот со 1.88% годишен раст или под просекот и за развиените држави од 2.5%. Истото укажува на структурни проблеми на економијата која не капитализира од трансферот на технологии.     

Индексот на импактот врз вработеноста го поддржува овој заклучок. 

Во Северна Македонија, влијанието на иновативните активности врз вработеноста е далеку под сите земји од ЕУ како и балканските држави (7.24 во споредба со 61.52 на Црна Гора). Овој индекс ја мери вработеноста во индустриите со висока технологија и производство кои зависат од трансферот на технологиите,  како и вработеноста во брзо растечките иновативни индустрии. Неговата вредност за балканските држави најмногу доаѓа од вработеноста во индустриите со висока технологија и производство.

сл4

сл3