Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје распишува Јавен повик за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд, како дел од мерките донесени од Владата за надминување на состојбите кои ги предизвика ширењето на вирусот Ковид-19.

Во продолжение пренесуваме краток преглед на повикот.

 

Предмет на јавниот повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите.

Вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000,00 денари.

Рокови на отплата: до 2 (две) години со вклучен грејс период од 6 (шест) месеци.

Каматна стапка: фикснa на износ од 0% на годишно ниво

Апликациите по јавниот повик се доставуваат во рок од 30 дена сметано од 26.03.2020 година.

Повеќе информации за условите, критериумите, начинот на добивање на кредитите и потребните документи може да добиете на овој линк.