Подготви:  Ивана Иванова

Естонија објави дека е подготвена да ги сподели своите алатки за дигитално образование за да ги поддржи едукативните системи на другите земји за време на кризата со коронавирусот.

Иницијативата е поддржана од Старт-ап Естонија и е коорганизирана со Министерството за образование и истражување на Естонија, Естонскиот сојуз на образовни технолози, Едукативниот фонд за добри дела, Innove (центар за едукативна компетенција), Фондацијата за информациона технологија за образование и Едукативна нација. Од 16 Март, сите училишни згради во Естонија се затворени, а предавањето и учењето се целосно онлајн.

 

Сет на алатки

Поради општата прифатеност на дигиталната технологија во Естонија, нејзиниот едукативен сектор има сет од алатки кои поддржуваат далечинско учење. Алатките се обично ко-креирани помеѓу училишта, универзитети и компании.

„Голем број на алатки се подготвуваат за интернационална употреба, а компаниите кои ги развиваат истите се согласија да ги поддржат другите земји на кои им е потребно,“ одговори Март Аро, коосновач на Европската алијанса EdTech. „Целта на оваа иницијатива е да го поддржи учењето и работењето на далечина во едукативниот сектор за време на оваа криза.“

Целосна листа на интернационално достапни решенија кои се придружиле на оваа иницијатива, е достапна на следниот линк: https://education-nation.99math.com/

Истата ќе биде ажурирана со тек на време.

Примери на решенија

  • Платформата за математика com има развиено посебна верзија со цел да ги зближи виртуелно учениците, е бесплатна за користење и ќе организира дневни веб-семинари за наставници
  • Водечкото европско решенние за прием на ученици онлајн https://dreamapply.com/ започнува брзо распоредлив (2-3 дена) дигитален прием и систем на далечинска работа за високообразовните институции со бесплатно користење оваа пролет и ова лето.
  • Апликацијата за учење на јазик https://lingvist.com/ ја отвара својата платформа за училиштата бесплатно до крајот на учебната година.
  • Собата за виртуелни наставници https://clanbeat.com/ ги нуди своите услуги бесплатно до крајот на учебната година и ќе организира веб-семинари за да им помогне на училиштата да создадат силни виртуелни заедници меѓу вработените во училиштата.
  • https://tutor.id/ ги поврзува предавачите и студентите за сите предмети – училишни или други „меки“ вештини. За да помогне во борбата со COVID-19, Tutor.id ги откажа сите свои такси до крајот на учебната година.
  • Софтверот за грижа за деца https://www.eliis.ee/ нуди бесплатна претплата и онлајн обука до крајот на летото за сите градинки кои сакаат да започнат да го користат.
  • Иновативната апликација за учење јазик https://www.speakly.me/ ги отвара своите веб и мобилни апликации до училиштата бесплатно до крајот на учебната година.
  • https://ekool.eu/index_en.html, систем за управување со училиштата, нуди бесплатна претплата за нови училишта до крајот на учебната година.
  • https://alpa.ee/en/, платформа за учење за предучилишно образование, исто така ја нуди својата содржина бесплатно. 

 

Линк до изворот на инфромацијата.