Индексот за глобална конкурентност претставува рамка и соодветен сет на индикатори во три главни категории и дванаесет политички домени за 137 економии. Најновиот извештај за глобалната конкурентност 2017-2018 укажува дека десет години од глобалната финансиска криза, изгледите за одржливо економско обновување се изложени на ризик поради зголемениот неуспех од страна на лидерите и носителите на одлуки да воведат реформи за поддршка на конкурентноста што ќе придонесе за зголемување на продуктивноста
Швајцарија, САД и Сингапур остануваат трите најконкурентни економии во светот, а потоа следат Холандија, Германија и Хонг Конг
Со ранг на 68-то место во претходната година, Македонија не учествува во овогодишното рангирање. Од нашите соседи највисоко рангирани според Извештајот за глобална конкурентност 2017 – 2018 се:
- Словенија – 48 место
- Бугарија – 49 место
- Романија – 68 место
- Хрватска – 74 место
- Албанија – 75 место