Вести

Завршната конференција на проектот, одржана во Брисел на 2 март 2022 година, собра околу 60 луѓе во Аудиториумот за животна средина во Брисел.

По главниот говор на Емануел Мосеј, експерт за кружна економија, резултатите од проектот беа презентирани од страна на партнерите.

Конференцијата заврши со панел дискусија и дебата за да се знае дали Ковид 19 ја забрза потребата за Circular HRM.

За да дознаете повеќе, ве покануваме да го прочитате Резимето на Конференцијата.

 

Подготвено од :  Фросина Ѓуровска

На ден 09.03.2022, Центарот за управување со знаење одржа тркалезна маса по повод презентирање на истражувањето кое Центарот го спроведе во склоп на проектот „Е-администрација – Надминување на јазот во дигиталните вештини на државната и јавната администрација“, поддржан од Цивика Мобилитас. 

Во времетраење од 4 сесии од 17.01-27. 2022-на, Центарот за управување со знаење организираше пилот обука за  Кружно управување со човечките ресурси за учесниците . во овогодишната Академија за човечки ресурси на Семос Едукација.

На 22ри и 23ти ноември, 2021 година, во Матера се одржа втората Транснационална средба на проектот YESC C+C, која воедно беше и првата средба во живо од средбата за започнување на проектот.

Во рамките на проектот Circular HRM за подобрување на кружните вештини и работни места преку обука за управување со човечки ресурси, Центарот за управување со знаење
како еден од партнерите на проектот, одржа настан на отворено на 22.09.2021 година (среда) на живописната Попова Кула во Демир Капија. . На настанот бевме домаќини на
30 учесници кои активно работат во областа на човечките ресурси од различни организации.

Автор: Марија Зеленковска

На 20ти мај (четврток) се одвиваше првата сесија од WECAN обуката за зајакнување на жени претприемачи. На самиот почеток од оваа сесија, жените кои се дел од оваа обука се запознаа на креативен начин така што ги споделија меѓусебно нештата кои највеќе ја доловуваат нивната личност или кои се дел од нивното секојдневие. По воведното запознавање, на учесничките им беше претставен сеопфатно проектот WECAN, неговите активности и цели како и досегашните реализации и случувања во склоп на истиот.