Во времетраење од 4 сесии од 17.01-27. 2022-на, Центарот за управување со знаење организираше пилот обука за  Кружно управување со човечките ресурси за учесниците . во овогодишната Академија за човечки ресурси на Семос Едукација.

 

Развојот на човечките ресурси според принципите на одржливата (кружна) економија е важен предуслов за конкурентна економија. Кружното управување со човечките ресурси (HRM) може да резултира во трајни и одржливи вештини во претпријатието за разлика од сегашниот линеарен модел на ангажирање, управување, и на крај отпуштање од работа.

Во оддржливата економија (circular economy), потребно е работниците да развијат долгорочно и интердисциплинарно размислување, додека креативноста, свеста и проактивноста стануваат од суштинско значење за човечките ресурси на иднината.

За таа цел  Центарот за управување со знаење организираше пилот обука за  Кружно управување со човечките ресурси за учесниците (Менаџери и Консултанти во областа на управување со човечките реурси) во овогодишната Академија за човечки ресурси на Семос Едукација.

Обуката се оддржа под покровителство на проектот за Оддржливиот модел за управување со човечките ресурси, кој има за цел да ја поддржи транзицијата на европските мали и средни претпријатија од традиционален, линеарен модел на управување со човечките ресурси во оддржлив (кружен) модел кој ја подобрува регенерацијата на вештините и компетенциите на работното место и фаворизира кружни и одржливи деловни и организациски модели.

 Обуката се одржа онлајн преку платвормата Zoom, во времетраење од 4 дена по два часа, на следните датуми:

1. Вовед и  Еко-концепција

 17.01.2022 (18:00-20:00)

2. Повторна употреба и Реинтеграција

 20.01.2022 (18:00-20:00)

3. Реориентација и Екологија на оптимизација

 24.01.2022 (18:00-20:00)

4. Економија на учество и Економија на споделување

 27.01.2022 (18:00-20:00)

Пријавете на учесниците се одвиваше на следниот линк: https://forms.gle/3KBFTdxZnbaBCJEd7

Сведочвштво од учесникот на обуката Александар Тасев, Генералист за човечки ресурси во Жито Лукс, Скопје