Фондот за иновации и технолошки развој го објави вториот повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), наменет за ко-финансирани грантови за технолошки развој. Повикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) кои сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој.
Од Фондот најавуваат дека со овој повик се воведува и олеснета процедура за аплицирање.
„Покрај редовната постапка компаниите од сега ќе може да аплицираат и по скратена односно “fast track” постапка. Апликантите кои ја поминале фаата на админстративна проверка и претселекција, но не биле избрани за кофинансирање сега можат повторно да аплицираат на јавен повик со истиот, односно подобрен предлог проект. Со ова се намалуваат и трошоците за компаниите, но и на Фондот, а значително се намалува времето од аплицирање до одлука на Комитетот,” истакна Деспотовски.
Вкупниот буџет за повикот е 6 милиони евра, односно по три милиони за скратена, и три милиони евра за редовна постапка. Со овој повик владата обезбедува до 30% во максимален износ од 10 милиони денари, а останатите 70 % се влог на компаниите.
Апликацијата е достапна на следниот ЛИНК!