Европската Kомисија ја креира следната рамковна програма за периодот 2021-2027 година. Рамката ќе има големо влијание врз сите различни програми за финансирање во ЕУ.
Во областа на истражувањето и иновациите, Европската комисија предлага финансиска рамка „Хоризонт Европа' која главно ќе има за цел да ги зајакне научните и технолошките основи на ЕУ, како и да го зајакне иновативниот капацитет на Унијата. Таа има за цел да ја зголеми конкурентноста, како и да создаде повеќе можности за работа.
Хоризонт Европа ќе биде поделена на три столба:
- Отворена наука
- Глобални предизвици и индустриска конкурентност
- Отворени иновации
Во делот на истражувањето и развојот ќе има активности што подобро ќе ги поврзат истражувањето и иновациите со општеството и потребите на граѓаните. Овие активности се очекува да создадат поголемо влијание и многу да придонесат за вклученоста на граѓаните.
Кога станува збор за правилата, во Хоризонт Европа, Унијата ќе се обиде да ги поедностави формите на грантови, онаму каде што е соодветно. Сепак, нема да има промена во моделот на финансирање и стапката на ко-финансирање!
Една од најсилните програми во Европа, програмата COSME веќе нема да биде автономна програма. Според новата рамка, Косме ќе биде интегрирана, делумно барем, во нова програма која ќе се фокусира на Единствениот пазар и конкурентноста на претпријатијата. Вкупно, ќе се комбинираат 6 програми и голем број активности за создавање на оваа нова програма за следниот седумгодишен период. Покрај зајакнувањето на конкурентноста на малите и средни претпријатија и поголемите претпријатија, новата програма ќе се фокусира и на подобрување на внатрешниот пазар.