Студијата ја анализира состојбата со дигиталната трансформација и користењето на е-услугите во Северна Македонија, со фокус на потребите и предизвиците на граѓаните. Иако постојат законски регулативи за дигитални услуги и Централен регистар на население, недостасува законска рамка за безбедност на мрежи и информациски системи.
Дигитализацијата на јавните услуги заостанува во споредба со ЕУ и регионот, делумно поради слабата политичка поддршка и институционалната нејасност. Патоказот за дигитализација (2022-2030) нуди насоки, но за успех е потребно да се зголеми дигиталната писменост и да се обезбеди пристап за сите граѓани, вклучително и ранливите категории.
Клучни препораки: подобрување на пристапноста и квалитетот на е-услугите, зголемување на учеството на граѓаните, и засилување на безбедноста и транспарентноста на личните податоци.
👉 Повеќе информации и пристап до студијата тука
Можете да ги прочитате нашите кратки препораки кои се однесуваат за дигиталните услуги на граѓаните на следните линкови:
- Препорака 1:Зajaкнување на вклученоста на граѓаните, преку дигитална писменост во обликувањето, оптимизирањето и обезбедувањето подобар квалитет на јавните е-услуги во Северна Македонија
- Препорака 2: Луѓето и нивните права во центарот на дигиталната трансформација
- Препорака 3: Зголемување на безбедноста и зајакнувањето на поединците, транспарентноста на личните податоци и вештачката интелигенција