Центарот за управување со знаење ја спроведе студијата „Бизнисите и дигитална деценија во Северна Македонија“, која ги анализираше дигиталните услуги што ги користат деловните субјекти и нивната подготвеност за дигитална трансформација. Студијата прикажува влијание на дигитализацијата врз работењето на компаниите, ги идентификува бариерите и можностите за унапредување.
Иако Северна Македонија има законска рамка и Националниот портал (www.uslugi.gov.mk) е главна точка за дигитални сервиси, земјата заостанува на европските листи (35 место). Компаниите покажуваат интерес за нови технологии, но недостасува дигитална писменост, институционална координација и унифицирани дигитални практики.
👉 Повеќе информации и пристап до студијата тука
Нашите кратки препораки за мерки кои се однесуваат за дигиталните услуги на правните субјекти можете да ги најдете на следните линкови:
- Препорака 1: Фокус (ориентација) кон деловните ентитети, овозможувајќи подобар квалитет на дигиталните јавни услуги
- Препорака 2: Зголемена вклученост на деловните субјекти во создавањето, оптимизирањето и обезбедувањето подобар квалитет на јавните е-услуги во Република Северна Македонија
- Препорака 3: Зголемување на безбедноста и зајакнување на деловните субјекти, транспарентност на личните податоци и примена на вештачката интелигенција