Проектот "URBANFLOODS: Strengthening Flood Resilience Across the Adriatic-Ionian Region", претставува значајна иницијатива за подобрување на управувањето со ризиците од поплави, преку примена на иновативни технологии, дигитални алатки и одржливи практики. Изборот на Крива Река во општина Крива Паланка во Република Северна Македонија како пилот-подрачје е важен чекор кон зајакнување на локалната отпорност на климатски ризици во земјата.
Како дел од активностите на проектот, во наредниот период ќе биде поставена современа мерна станица во подрачјето на Крива Река. Оваа станица ќе овозможува континуирано следење на хидролошки и метеоролошки параметри, кои се клучни за рано предупредување од поплави и за развој на соодветни модели за управување со ризикот. Истата ќе им овозможи на локалните институции подобро планирање, поефикасна интервенција и намалување на штетите од идни природни катастрофи.
Проектот URBANFLOODS претставува важен чекор кон интегриран, технолошки напреден и одржлив пристап во справувањето со урбани поплави и истовремено претставува значаен чекор за Република Северна Македонија кон градење на поотпорно општество, современо управување со природни ризици и усогласување со европските стандарди во заштита на животната средина и урбаниот развој.