Центарот за управување со знаење (ЦКМ) ве повикува да изразите интерес за учество на ХАКАТОН "КЛИКНИ БЕЗБЕДНО!"
Центарот за управување со знаење (ЦКМ) во рамки на проектот MKSAFENET организира Хакатон на тема "КЛИКНИ БЕЗБЕДНО!".
Биди и ти дел од највозбудливиот младински натпревар КЛИКНИ БЕЗБЕДНО! и докажи дека токму ти можеш да го направиш интернетот побезбеден!
📢 ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО НА ХАКАТОН "КЛИКНИ БЕЗБЕДНО!"
🔹 Дали си средношколец со страст за технологија и сајбер безбедност?
🔹 Сакаш да ги тестираш своите вештини, да создадеш иновативни решенија и да освоиш вредни награди?
🔹Имаш најмалку шеснаесет години и си подготвен за нов предизвик?
Ова е твојата шанса да станеш дел од хакатонот кој ќе го обликува дигиталниот свет!
📅 Кога? 10-11 мај 2025
📍 Каде? Скопје
👤 Кој може да учествува? Средношколци (16+) од сите јавни и приватни училишта од целата територија на Република Северна Македонија
Ти имаш можност да формираш свој тим и да развиеш интерактивно едукативно решение – квиз, мини-игра, апликација.... кое ќе помогне во подигнување на свеста за безбедно користење на интернет за децата и младите.
🎯 Како да се пријавиш?
✅ Пополни ја пријавата на 👉 [линкот за регистрација]
✅ Краен рок за пријавување: 10 април 2025
Сите пријавени учесници ќе бидат поканети на онлајн инфо сесија каде ќе бидат објаснети темите, условите и натамошните чекори за учество во хакатонот.
Биди дел од највозбудливиот младински натпревар КЛИКНИ БЕЗБЕДНО! и докажи дека токму ти можеш да го направиш интернетот побезбеден!
📩 За повеќе информации, контактирај нѐ на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.