Центарот за управување со знаење (ЦКМ) ве повикува да се пријавите за учество на POPRI 2025, престижен младински претприемачки натпревар.
Овој натпревар е идеална можност за млади луѓе со јасна визија, иновативни идеи и претприемачки дух да ги развијат своите идеи и да добијат поддршка за нивната реализација. Ако имате претприемачка идеја и тим кој активно работи на истата, не двоумете се да не контактирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Идеите кои веќе биле наградени на други натпревари се исто така добредојдени
Зошто фокус на младите?
Младите луѓе имаат свежи идеи и креативни решенија за актуелните предизвици со кои се соочуваме денес. Затоа е и POPRI создаден, за да им даде шанса да ги презентираат своите идеи, да разменуваат знаење и искуства, и да создадат мрежа со останатите учесници, институции и претприемачи.
Кој може да учествува во POPRI?
Во натпреварот учествуваат млади од 10 земји-членки на EUSAIR: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија, Сан Марино, Србија и Словенија. Нивните идеи се претставени пред ментори и судии од овие земји, кои ги земаат во предвид нивните пораки и решенија.
Кога и каде ќе се одржи POPRI 2025?
Настанот POPRI 2025 ќе се одржи во мај 2025 година, Крит Грција, во рамките на 10-от EUSAIR Форум. Овој форум е една од најзначајните конференции на ЕУ Стратегијата за Јадранско-Јонскиот Регион (EUSAIR), која има за цел унапредување на соработката меѓу земјите од овој регион.
Кои институции го организираат настанот?
Во организацијата на POPRI учествуваат следните партнери:
- Центар за управување со знаење (CKM) (Северна Македонија) – главен организатор за 2026 година
- ZICER - Загребски иновациски центар (Хрватска) – главен организатор за 2024 година
- Агенција за локален економски развој Auleda (Албанија)
- Иновациски центар Бања Лука (ICBL) (Босна и Херцеговина)
- Научно-технолошки парк на Крит (STEP-C) (Грција)
- CONFCOOPERATIVE FVG (Италија)
- Студентски бизнис центар на Универзитетот Донја Горица (Црна Гора)
- Институт за иновации на Република Сан Марино (Сан Марино)
- Бизнис инкубатор Нови Сад (Србија)
POPRI претставува одлична можност за младите иноватори и претприемачи да ги развијат своите идеи и да се вклучат во меѓународна мрежа на талентирани луѓе. Доколку имате идеја и сакате да направите разлика, POPRI 2025 е настанот што не смеете да го пропуштите!
Повеќе информации за начинот на аплицирање во Македонија ќе бидат достапни од понеделник, 24-ти март!