Младински работници од Македонија преку проектот ‘’Young Kreativ Social Enterprises’’ беа дел од петдневната интензивна обука во месец јануари во еден од најстарите градови во Италија, Матера.

Осум младинци од пет различни земји (вклучувајќи ја и Македонија), разменуваа идеи, споделуваа проблеми и развиваа заеднички решенија за тоа како да ги мотивираат младите луѓе за отварање на социјални претпријатија.

Благица и Елена кои се дел од  „Центарот за управување со знаење“, ја претставуваа Македонија на обуката. Благица имаше можност да ја презентира онлајн платформата “Young creative”, која беше развиена од ЦКМ тимот во последните 4 месеци, во кои беа вклучени сите проектни резултати на едно место.

Едукатори, младински работници и волонтери се запознаа со целокупната работа и содржината на проектот ‘’Young Kreativ Social Enterprises’’ како и со интелектуалните резултати. На самиот тренинг теоријата на Даниел Голман за емоционална интелегенција беше презентирана преку практични активности/вежби за спознавање, самосвест, саморегулација и социјална свесност. Учесниците активно дискутираа на темата за започнување на бизнис, анализа на пазарот и услуги, создавање на продукт во дигиталната индустрија и, како сето ова, е поврзано со развојни можности за опшествени предизвици.

Преку овие фотографии можете да ја видите атмосферата од обуката која се покажа како значајна и успешна во развојот на алатки, за работа со млади .

IMG 20230119 111533IMG_20230119_100249.jpg

 

 

PXL 20230116 190031097.MP