Центарот за управување со знаење (ЦКМ) Македонија, кој е лидер на проектот NewWays of Working for Net Zero Emission од ERASMUS + програмата заедно со Christophe Lo Giudice од Htag by Références 🇧🇪, Françoise Kemajou и Salima Chitalia од European Think Tank Pour la Solidarité и Maria Claudia Solarte-Vasquez од 🇧🇪 TalTech – Технолошкиот универзитет во Талин 🇪🇪, како партнерски организации, беа дел од состанокот кој се одржа во јануари во Талин, Естонија.

Домаќин на состанокот беше Maria Claudia Solarte-Vasquez од Технолошкиот универзитет во Талин , Естонија. Претставниците од партнерските организации беа целосно посветени на финализирање на пакетот алатки за обука и споделување на нови трендови во информатичката технологија, мобилност и одржливоста кои влијаат на современите работни места. Дефинирање на пакетите за учење на иновативниот процес за пренесување на знаење од Р1 до спецификите на секоја организација.

Нашата амбиција? Создавање на конкретни и лесно применливи алатки за професионалци од секторот за човечки ресурси и придонес за јаглеродна неутралност преку мобилност, нови работни навики и одговорни дигитални практики.

Како ќе го постигнеме ова: платформа за учење што ќе ве инспирира, ќе ги ангажира вашите вработени и ќе ги подобри работните навики. Платформа што ќе ви помогне да развиете ефективни решенија и да се придружите на динамиката со нула јаглерод.

 

Најдоброто од Талин/ нашата посета во Талин

Талин, за 2023 година, ја освои титулата шампион за одржливост и иновации поради нивниот системски пристап кон зеленото управување и меѓусебно поврзаните стратешки цели, кои ги одразуваат амбициите на Европскиот зелен договор. Еден од најдобро зачувани средновековни градови во Европа и место за светско наследство на УНЕСКО. Талин, исто така, се карактеризира со разновидна и мозаична природа кои служи како живеалишта за ретки видови. Оваа година главните теми на Талин ќе бидат биолошката разновидност, оддржливо управување и зелени иновации. Планирани се повеќе од 60 настани за 2023 година, а учесниците од проектот NWoW4NetZero учествуваа во некои од активностите на Европската зелена престолнина Талин, како и во програмите кои нудат еколошки активности за жителите и посетителите на градот!

 talin