Центарот за управување со знаење на 22.12.2022 во просториите на Netaville, во рамки на проектот „Спремни за Хоризонт“ организира инфо сесија која е наменета за претставници на високо образовни институции, институти како и истражувачки центри. Целта на оваа инфо сесија е да ги информира присутните за важноста на Плановите за родова еднаквост.
На настанот ќе презентира др. Андријана Богдановска Ѓ.
Плановите за родова еднаквост (Gender Equality Plans) се планови со кои се поставуваат и мониторираат цели поврзани со родовата еднаквост во организациите, посебно во високо образовните институции и истражувачки центри. Овие планови се предуслов за учество во апликации на програмата Хоризонт Европа на Европската Унија наменета за истражување и развој.
Доколку сте заинтересирани за оваа инфо сесија можете да најдете повеќе информации и да аплицирате на подолу приложениот линк: https://forms.gle/fKonZxPYfSXj2Aev7