На 14 Јули 2020 година директорката на Центарот за управување со знаење, д-р. Андријана Богдановска Ѓ. имаше средба со г-ѓа Валентина Дисоска – претседателка на Здружението на бизнис жени. На овој состанок беше презентиран проектот WECAN.
Овој проект цели да го зголеми претприемачкиот капацитет на жените и да ги зајакне оние кои одлучиле да бидат претприемачи или оние со новосоздадени претпријатија, преку употреба на прилагодена програма за обука.
Состанокот започна со воведување во самиот проект и целите. Беше презентирана и официјалната веб страна со моменталните активности и се наведоа идните активности кои ќе бидат дел во рамките на овој проект. Особено внимание се обрна на презентирање на првиот од трите интелектуални резултати на проектот - Методолошкиот водич и Сетот на алатки за жените претприемачи.