На 25ти и 26ти септември 2020 година се оддржа вториот Балкански Форум во Солун, Грција.
Спречени поради моменталната состојба со Ковид-19, овој форум се оддржа онлајн. На истиот се промовираа потребните активности за воведување на бизнис иновациите, кои се клучен предуслов за економски развој и промоција на стабилно и сигурно претприемништво на Балканот.
Центарот за управување со знаење беше дел од овој форум, претставен од страна на неговиот директор - д-р. Андријана Богдановска Ѓ. д-р.Богдановска говореше за постојната соработка во регионот во делот на истражувањето и развојот и ги опфати можните форми на идна соработка во областа во рамки на новата програма на Европската унија 2021-2027.