На почетокот на април стартува Mакедонската Национална иницијатива за развој на AI вештини (AI NSI), која е дел од глобалната иницијатива што се спроведува во многу земји ширум светот. Оваа иницијатива е создадена со цел да го поттикне усвојувањето на знаења и вештини во областа на вештачката интелигенција (AI), овозможувајќи пристап до иновативни ресурси, обуки и настани.
По повод 50-годишнината на Microsoft, во регионот 50+ дена ќе бидат во духот на AI Фест – платформа за учење, иновации и вмрежување во областа на вештачката интелигенција. Овој настан ќе биде отворен за сите заинтересирани и ќе понуди разновидни активности, вклучувајќи работилници, предавања, панел-дискусии и интерактивни сесии со експерти од областа.
Иницијативата ќе започне на 8 април и ќе трае се до 5 јуни во Македонија, при што ќе се организираат бројни настани посветени на примената и развојот на AI технологиите.
Целта е да се зголеми свеста за значењето на AI во современото општество и да се поттикне дигиталната трансформација преку стекнување нови знаења и вештини.
За кого е наменета иницијативата?
Оваа иницијатива е наменета за сите – од студенти и професионалци, до компании и организации кои сакаат да ги унапредат своите вештини и да ја интегрираат AI технологијата во своето работење. Преку учество во различни активности, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите AI трендови, алатки и апликации, како и да се вмрежат со експерти и ентузијасти во оваа област.
Зошто да учествувате?
Пристап до врвни AI обуки и ресурси
Вмрежување со AI професионалци и експерти
Можност за учество во иновативни AI проекти
Подобрување на кариерата преку стекнување нови AI вештини
Националната иницијатива за развој на AI вештини претставува значаен чекор кон поддршка на дигиталната трансформација во Македонија. Со приклучување кон AI Фест, сите заинтересирани ќе добијат можност да бидат дел од оваа глобална мрежа на учење и иновации. За повеќе информации за настаните и начинот на учество, регистриарајте се веднаш:
Останете во тек и бидете дел од AI револуцијата!